Зборник на Миладиновци/ 212 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Желник Пејо 212 песна

од Браќа Миладиновци
Енчица и арамии
на современ македонски правопис


Се собрале, се набрале
Сите земски арамии
Тамо долу во Ладово,
Да си дељат пуста стока
Пуста стока арамиска.
Што имаше едно Грче,
Ни се мерит, ни се токмит,
Туку шетат крос Владово;
Со баглама не свируват
И со уста не пејуват:
„Ак бог даит да развиат
Да развиат планините,
Да соберам дружината
Дружината арамии,
Да излезам по планина,
Да си земам три синџири,
До поредам млади робје.”