Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Енчица и арамии

Од Wikisource
212 песна Енчица и арамии

од Браќа Миладиновци
Сирма војводка
на современ македонски правопис


Седнал е Диман чорбаџи,
Да јаде, оште да пие
Да пие и да сја весели
С негови девјат синови,
С негови девјат снашици.
Сичките јадат и пиат,
И са веселба весељат;
Најмлада снаха Енчица
Не јаде, оште не пие,
Ни с' веселба весели.
Диман ја тихо попита:
„Енке ле, снахо најмлада!
Зашто не јадиш и пиеш?
Гозба ми ти е малко?
Ил вино са е сваршило,
Виното, и ракиата?”
Енка Диману думаши:
,,Димане свекре, Димане!
Ја ставај, свекро, сја скривај
С'с девет млади синови,
И оште девјат снашици
В девјат лакти скривалехчи!”
Диман ја верно послуша,
Поведе девјат синови,
И оште ос'м снашици,
Чи са скри в т'мни зевници.
Енка си сама остана,
Запрегна бели р'кави,
Замеси бели хљабови,
Ги опече на девет пешти,
Навали девет казана
Девет казана с молитва(?)
И оште девет с'с жито.
Таман молитвата овали,
И хљабовите сја опечат,
Шимшир са е порта хлоннало,
Равни с' е двори нап'лнило
С'с млади врли хајдути;
Енка си верно питаха:
„Енка ле, булка хубав
293
Каде ти е, Енке, стар Диман?”
Енка на хајдути думаши:
„Јунаци, млади јунаци!
Добре ми дошле, јунаци!
Вчера Димана заровихми
С негови девјат синови,
И оште ос'м снашици,
А ноштес молитва варја,
Утри шта хора да збирам,
Да хапнат и да помјанат.
Сега сте ви тука дошле,
Илате сеги да хапним
Да хапним и да помјанем
За Диманово проштење,
И за негови девјат синови,
И оште ос'м снашици.”
Хајдути седнали да јадат
Да јадат и да помјанат;
Енка им трапеза слагаши,
И измеќери прашташи,
Да идат право на конак,
Д' обадјат на биљук-башата.
Биљук башата довтаса
С'с триста души сејмени,
Исечи сички хајдути.