Зборник на Миладиновци/ 189 песна
188 песна | 189 песна од Браќа Миладиновци |
Иво кључарџија и Асан ага |
на современ македонски правопис |
„Учи ме, мајко карај ме,
Како Бојана да земам?”
„Учам те, сине, карам те,
Како Бојана да земиш,
Откупи си чивт волови,
Изорај бахча стрет село,
Извади вода студена,
Насади ружа црвена,
Загради црква Арангел,
И от навол ти умри си;
Сите девојки ке дојдет,
Црква Арангел да видет,
Водица да си залеет,
Ружица да си соберет,
Тогај Бојна ке доит.”
Изора бахча стрет село,
Изваде вода студена,
Насади ружа црвена,
Загради црква Арангел,
От навол Стојан си умрел,
Сите ми моми дојдоа,
Бела Бојана не дојде.
Бојана итра, преитра,
Сама Бојана не појде,
Туку ја пушти снаха си,
Водица да си залеит,
Ружица да си соберит.
Мајка му си го т'жеше:
„Стојане, синко рогене!
Сите девојки дојдоа,
Бела Бојана не дојде,
На умор пизма држала.”
И си отиде снаа је,
И је кажует Бојане:
„Сестрица, мила Бојана,
Вистина Стојан умрело.
Мајка му си го т'жеше,
Стојане, синко рогене,
Сите девојки дојдоа,
Бела Бојана не дојде,
На умор пизма држала.”
И се измами Бојана:
„Невесто, млада невесто!
Ај усучи ми свештици,
Лели вистина умрело.”
И је усука свештици,
Та си отиде Бојана,
Си собра цвеке ружица,
Си влезе в црква Арангел,
За да запалит свештица.
Кога в Арангел ми влезе,
Стојану мајке говорит:
„Не бој се, стрино, не плачи,
Не ти је Стојан умрело!
Ноѕете му се на потскок,
Р`цете му се на преграп,
Очите му се на поглед.
Прибрала се до јунака,
Ја претрабило Бојана;
3атвори црква Арангел,
И си ја венча Бојана.