Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Цуцулина и тресопатка

Од Wikisource
Куси врабец и невеста подмрежица Цуцулина и тресопатка

од Браќа Миладиновци
25 песна
на современ македонски правопис



Се посвршил Цуцулина, Гугулина,
гуи, гуи, гуи,
Ја посврши мала тресопатка;
Си покани сто сватои,
Сто сватои, пет кумои,
И четири деверчина,
Ке ми одет по невеста
Цуцулину Гугулину.
Кинисаа да си одат,
Да си одат, по невеста,
Напред одат сам Цуцуљ м'ш,
Сам Цуцуљ м'ш зеташина,
И по него сто сватои,
Сто сватои, пет кумои,
И четири деверчина.
Се зададе темна м'гла,
Таја идет прау на ними;
Не ми било темна м'гла,
уку било копсо пиле.
Ми прснаа да бегает
Сто сватои, пет кумои,
И четири деверчина;
Кој под грутче, кој над грутче,
Кој под трнче, кој над трнче,
Кој под глокче, кој над глокче,
Сам зеташин во к'пина;
Остаија невестата,
Остаија на полп'ти.
Си ја вати копсо пиле,
Кога очи целиваше,
Црни крви је течеа;
Кога грло целиваше,
Пердуите ја скубаше