Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Христосово воскрсвење (2)

Од Wikisource
Христосово воскрсвење Христосово воскрсвење

од Браќа Миладиновци
Света Недеља и Света Петка
на современ македонски правопис


Прошета света недеља
Со чесни крсти во р'ка
По крај Јордана речица;
Ништо ми стрета не стрети,
Ни си намера намери,
Тук' стрети клети чифути,
К'де го м'чет Ристоса;
Судна му м'ка давает;
На крсти ми го коее,
На оган ми го горее.
Дојдое божеј ангели,
Да молет цара Чифутски,
Да пуштит цара Ристоса.
Тој им мољба не сакат,
Ни го Ристоса пушташе.
Ми дојде чиста Пречиста
И таја мољба се молит;
„Егиди цару Чифутски!
Пушти ми цара Ристоса;
Со него си се надеам
Пред бога да си излезам.”
Тога је Ристос зборвеше:
„Егиди чиста Пречисто!
Не жаљај мошне не плачи;
Сама си чиста пречиста,
Сама пред бога к' излезиш.”
И дојде света Илиа,
Си скоа кола огнена,
Си прегна коњи четири
Четири коњи крилатни,
Та си отиде на небо;
Чиста Пречиста со него,
Така излезе пред бога.
И дојде света Недеља,
Таја ми мољба не моли,
Мирна је роса пред бога;
Си фрли крсти по река.
Скочиа клети чифути,
Крсти да берет по река;
А тие клетва сторие
Ристоса да го не дајт.
Кога по крсти појдое,
Тога им Ристос отлета
Со дванадесет ангели,
Света Недеља со него,
Та си отиде на небо,
Пред мила мајка поборго.