Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Христосово воскрсвење

Од Wikisource
Христосово рожање Христосово воскрсвење

од Браќа Миладиновци
Христово воскрсвење
на современ македонски правопис


Што ми је лепо убоо*
На високана планина,
Н' онаа рамна рудина!
Рајските софри ставени,
Најгоре свети Никола,
До него свети Илиа,
Меѓу ним сестра Мариа
Со Риста бога на р'це,
Со злато капче на глаа.
Свиле се до два облака,
Кренале ми го Ристоса.
Седна Мариа да плачит,
Свети Никола је тешит:
„М'лчи ми, сестро Марио!
Мие ке ти го зеиме;
Пак тебе не го дааме,
Ке го даиме на занат,
Да праит страшни мостеи,
Да врвет грешните души.
Првата душа што мина,
Таја је грешна, прегрешна;
Чужо ми дете дојала,
Алал не му го даала.
Втората душа што мина,
Таја је грешна прегрешна;
Назаем брашно земала,
Кога го назот враштала,
Со пепел ми го мешала.
Треќата душа што мина,
Таја је грешна прегрешна,
Назаем сољца земала,
Кога је назот враштала
Со песок ми ја мешала.

Белешки

*От Прилеп велигденска еднаква песна зафаштат:

Ордено моме убаво!
Што глоба најде татко ти,
Што си продаде куките?
Што беа куки убаи
До девет врата големи,
Десета врата најмала,
Крај мала врата ливада,
Во ливадата зелен бор,
Под борот студен кладенец,
Крај кладенецот трпеза
На трпезата 'си светци,
На чело света Никола,
До него света Илиа,
Меѓу них сестра Мариа
Со Риста бога на р'це.
Суздај се виор от небо,
Да и го зеде Ристоса.
Викна Мариа да плачит:
Ох леле боже до бога!
Што ми го зеде Ристоса! ...