Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Трендафиља и Змех

Од Wikisource
Стојна Трендафиља и Змех

од Браќа Миладиновци
Јана и Детелин Војвода
на современ македонски правопис


Нов правопис Стар правопис

„Море моме Трандафиле!
Што се вршиш не се мажиш,
Три години шес прстени?” —
„А друженки неверници!
Што ме мене не вервите?
Змех ме љубит три години,
Ја не можам да г’ одељам.”
„Море моме Трандафиле,
 Ја појди си во градина,
Да набериш грмотрње;
Тà појди си нови пазар,
Тà купи си ново грне,
Да ’и вариш спроти стреда,
Да ’и пијеш спроти петок;
Така да се змех оделит.

„Море моме Трандафиле!
Що сѣ вѫршишъ не сѣ мѫжишъ,
Три години шесъ пѫрстени?” —
„А друженки невѣрници!
Що ме мене не вѣрвите?
Змехъ ме любитъ три години,
Я не можамъ да г’ оделямъ.”
„Море моме Трандафиле,
Я пойди си во градина,
Да наберишъ гѫрмотѫрнѥ;
Тà пойди си нови пазаръ,
Тà купи си ново гѫрне,
Да ’и варишъ спроти стреда,
Да ’и піешъ спроти петокъ;
Така да сѣ змехъ оделитъ.