Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Стојан (3)

Од Wikisource
226 песна Стојан

од Браќа Миладиновци
Митре Буљук-баши
на современ македонски правопис


Стојан еден син у мајка,
Стојан мајка додеваше:
„Мајко сакам да ме жениш!
Стојану мајка велеше:
„Женам те, синко Стојане,
Ова година до друга;
Оти је ск'пна година,
Килото жито стотина,
Ведрото вино флорина.”
Стојан је мајка велеше:
„Жени ме, али кажи ми,
Оти ја ке ти отбегнам,
Баш арамиа ке одам,
По Шар планина ке шетам.”
Стојана мајка молеше:
„Стојане, синче Стојане!
Не чини се аџамиа,
От си ми јунак порастен
Дваесет и пет година,
Тук слушај си ја мајка ти,
Да ни поминит ск'пија,
Ја ке те тебе оженам.”
Стојан си мајка не почу,
Во петок Стојан излезе,
Баш арамиа да одит,
По Шар планина да шетат;
В с'бота ми го фатие,
В Битоља го однесое,
В Битоља најде сељани,
Стојан и милно помоли:
„Сељани, брака родени!
Кога ке дома одите,
Вие да мајке кажите,
Оти се Стојан посврши,
Посврши ке се оженит.”
И што си Стојан посврши,
Негоа мајка да знаит:
„Битољска тонка јасика,
Прилепска д'лга фортома;
Сватои што си поканил,
Битољски 'рти, з'гари.
Сељани дома појдоа
И на мајка му казае,
Стојана го обесие.
Туку се чудит мајка му,
Како да појдит Битоља,
Да му ја зеит мршата,
Баре да му је закопат.
Сељани што је рекое:
„Не чинит тамо да одиш,
Стојан си глава запусги,
Ти ке си кука запустиш;
Како си сторил, си нашол.”