Зборник на Миладиновци/ Стојан и Бојана

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Митре поморјанче и Марија белоградска Стојан и Бојана

од Браќа Миладиновци
188 песна
на современ македонски правопис


Учи ме, мајко, карај ме,
Как да Бојана пограбам?”
„Учам те, синко, научам
Как да Бојона пограбиш.
Напраи црква срет село,
Сите девојки ке дојет,
И калешести невести
И црнооки вдоици,
И бела Боја ке доит,
Си стана Стојан сиромаф,
Напраи црква стрет село;
Сите девојки дојдое,
И калешести невести,
И црнооки вдоици,
Бела Бојана не дојде.
Си стана Стојан сиромаф,
Отиде дур при мајко си;
„Учи ме мајко, карај ме,
Как да Бојона пограбам?”
„Стојане, синко рогене!
Напрај чешма срет село,
Сите девојки ке дојет,
И калешести невести
И црнооки вдоици,
И бела Боја ке доит.”
Си стана Стојан сиромаф,
Напраи чешма срет село;
Сите девојки дојдое,
И калешегги невести
И црнооки вдоици,
Бела Бојана не дојде.”
Си стана Стојан сиромаф,
Отиде дур при мајко си:
„Учи ме, мајко, карај ме,
Как Бојана да пограбам?”
Учам те, синко, научам,
Напраи бафча стрет село,
Сите девојки ке дојет,
И калешести невести,
И црнооки вдоици,
И бела Боја ке доит.”
Си стана Стојан сиромаф,
Напраи бафча стрет село;
Сите девојки дојдое,
И калешести невести,
И црнооки девојки,
Бела Бојана не дојде.
Си стана Стојан сиромаф,
Отиде дур при мајко си;
„Учи ме мајко, карај ме,
Как да Бојана пограбам?”
„Учам те, синко, научам,
Ти да си умриш от нафол,
Сите девојки ке дојет,
И калешести невести,
И црнооки вдоици,
И бела Боја ке дојдит.”
Умрел си Стојан от нафол,
Дочуле сите девојки,
И калешести невести,
И црнооки вдоици,
Сите Стојана виделе,
Сите му пештеш отнесле;
Уште Бојана ја немат.
Бојана мајке је велит:
„Мајко ле, мила мајко ле!
От тебе изан си сака,
Јас да го видам Стојана,
Веке ми Стојан умрело,
Ке појдам да го целивам,
От него да се опростам;
Сите другачки појдое,
И јас, мајчице, да одам.”
Мајко је изан је даде:
„Ај одај бела Бојана!
Да не се тамо забаиш.”
Ми стана бела Бојана,
Влезе си в мала градина,
Си набра киска босиљок,
Секакво цвеке убоо,
Колку во дворј е ми влезе,
От мајко изан пак земат:
„Мајко ле, мила мајко ле!
Ја сега таму ке одам,
Да си го вида Стојана “
Колку Бојано отиде,
Во Стојанои дворои,
Писна Бојано да плачит:
,,Оф леле јунак, Стојане!
Душа да немат мајкa ми,
Зашто те зеде на душа,
Зашто ми младо загина,
Дба не си се простифме!”
Отиде дур при Стојана,
Му кладе киска босилок,
Прибра се да го целиват.
Стојан ја фати за р'ка:
„Добре ми дојде Бојано!
Как се изл'жи мајко ти,
Како тебе пуштила?
Како ти тебе нар'ча?
Арно те госпот донесе,
Со тебе ке се кердоса.”
Појдое попој да канет,
Стојана да го закопвет.
Не го Стојана закопвет,
Тук' го Стојана венчае.
Кога ми дочу мајко је,
От умот ке се расипит.
Тие се двата венчае.