Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Свети Георги (2)

Од Wikisource
Христосови карстови Свети Георги

од Браќа Миладиновци
39 песна
на современ македонски правопис


Бог да бијет краља од Тројана!
Ми пособрал Тројанци христјани;
„Ел чуете Тројанци граждани!
Разсипите бога единего,
Напишите бога стребренова.”
Написале бога стребренова.
Што ми текле у Тројана града
Триесет и три точки студна вода;
Тамо фати да ми протечвит
Бело стребро, и свитлоно злато;
Тоа за бога молиа, тоа ми најдоа.
Ним и им прати краљ Тројански,
Ми 'и прати под Тројана града,
Под езеро, кеј глобок бунар.
Тамо имат таја вода студна;
Тамо имат змиа халовита;
На ден му је по еден таин;
Тамо одат Трајански христјани,
Да откупат водата со стребро,
Со стребро, со жежено злато.
Бог да биет краља от Тројана!
Промени негова мила керка
Негова керка најмала Мариа;
И наполни џепје и пазуи
Со стребро и злато жежено;
Во р'це је даде стребрен ибрик:
„Ајти керка мала Марио!
Ти појди ми крај бунара,
Налеи ми она студна вода,
Да откупиш ти вода со стребро.”
А што беше девојка Мариа!
Се прекрсти, богу се помоли:
„Дејди боже, мене поможи ми!”
И киниса по бели друмови,
И си стрете незнаена делиа,
Делиа со коња дориа.
„Поможи бог Тројанко девојка!
Ако бог да, каи ке ми одиш?” –
„Ја ке ходам под Тројана града,
Да налеам она студна вода.”
Одговоре незнаен делиа:
„О! девојка хубава Мариа!
Тамо имат змиа халовита,
Ке загиниш млада и зелена!
Ја не сум незнаена делиа,
Туку сум си свети Георгиа.
Ја ке легнам на твои скутови,
Малу перче да ми приобидиш;
Ја сум вреден тебе да откинам.
Па си слезе от коњо на земи,
Легна на нејѕини скутови.
Бог да биет змиа халовита!
Се даде от глобоко езеро
Сама себе гласови даде:
„Хејди боже, хејди мила боже!
На ден имах само еден таин,
А денеска имам три таина!”
И што беше хубава девојка!
Ја догледа змиа халовита,
На девојка тешко жал и падна,
От жалости таја не ми скорна,
Не скорна светаго Георгиа,
И порона солѕи по образи;
Паднаха солѕи на образо негов,
Од жалости солѕи г' изгореха.
И си стана свети Георгиа,
Изговоре на Тројанска девојка:
„О! девојка, хубава Марио!
Што ми рониш тие дробни солѕи.
Изговоре Тројанка девојка:
„Брату мои свети Георгиа!
Oпули ce по бели друмови,
Што ми идет хала халетина,
Што говорит змиа халовита –
„На ден имах ја по еден таин,
А денеска имам три таина.”
Се опули свети Георгиа,
Ја догледа змиа халовита.
Ал му велит Тројанка девојка:
„Сега ние, брате, загинахме!”
А што беше свети Георгиа!
Се уплаши свети Георгиа,
Па си слезе сам еден господ:
„Ал ме чуеш свети Георгиа!
Вели сам едини господ,
А извади стрела от појаса,
Фарли на змиа халовита;
Може и јас на помош да дојдам.”
И што беше свети Георгиа,
Па истргна стрела от појаса,
И фрли на змиа халовита,
Ја погоди меѓу црни очи,
И си кутна змиа халовита,
И си јавна коња дориега,
Па велит на Тројанка девојка:
„Оди пред мене, пред коња.”
С себе зеде змиа халовита,
Па ја врза с дробнаго синџира,
И велит свети Георги на коња:
„Али чуеш, коње дорие,
Си фатихме змиа халовита,
Влечи, коње, сега да се влечи.”
И киниса по бели друмои.
Кога дојде у Тројана града,
Кога гледат Тројанци христјани,
Ги прифати треска тригодишна.
„Ејди боже сполај ми ти тебе!
От кога се Тројан заградило,
Ваква хала не беше ни дошла!”
Па си ходит свети Георгиа,
Па си ходит по Тројана града,
Па си слезе от коња на земи,
И си пpaќa девојка Мариа:
„О! девојко, хубаво Марио!
Ти да појдиш у ваши дворје
Хабер ти стори на твои татко.”
Си отиде на свои дворови,
Па говори она на татка си:
„Ал ме чуеш мои стари татко!
Дојде еден незнаен делиа,
И те викат тои каи него”.
Па киниса тои краљ Латин,
Па отиде кај свети Георгиа:
„Добре дојде незнаен делиа!” -
„Добре најдох крале Латинине!” –
Ако сакаш ја да ми ти даам
Да ти да'ам моја мила керка!”
Изговори свети Георгиа
На онега краља Латинего:
„Ќути Латин уста да ти капнит,
Не зборувај ти такви речови!
Ја не сум ти некои делиа,
Туку ја сум еден ангел божи,
Ангел божи свети Георгиа.
Али гледаш хала халетина!
Да собериш Тројанци христјани,
Да разсипиш бога стребренаго,
Да напишиш бога единаго,
Оти гледаш страшна Халетина.
Ако пуштам змиа Халетина,
Три п'ти градо ке преопачит,
Жива душа от вас не остават.”-
Изговоре тои краљ Латин:
„Прости мене свети Георгиа!”
Се собраха христјани Тројанци,
Расипаха бога стребренаго,
Напраиха бога единега.
И што текле триесет и три чешми
Чисто сребро и жежено злато,
Пресекнаха и ми протекоха
Протекоха таја студна вода.
От тогај песна останала.