Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Ружица девојка и триесет момчина

Од Wikisource
Краљ, кралица и Ружица девојка Ружица девојка и триесет момчина

од Браќа Миладиновци
Јован и мајка му
на современ македонски правопис


Седнале ми триесет момчиња,
Седнале ми покрај црно море;
Слуга служит Ружица девојко,
Слуга служит, лепо им говорит;
„А егиди триесет момчина!
Ако можам сем слуга да чинам,
Ја не можам сем љубов да бидам;
Кој је јунак от јунака роден,
Да си слечи рубо копринено,
Да облечит панѕур кошуља,
Да си земит штица челикоа,
Да препливат преку црно море,
Да излезит на крај на краиште,
Тамо има злата јаболцница,
Да си скинит три златни јаболка,
Ја со него љубов ке да бидам.”
Сите ми и глаи наведое,
Ељум еден глаа не наведи;
И си стана на нога јуначка,
И си слече рубо копринено,
И си зеде штица челикоа,
Си се фрли п' она црно море,
Ми излезе на крај на краиште,
И си најде злата јаболшница,
Не си скина три злата јаболка,
Јаболшница от корен откорна.
Си преплива преку црно море,
Ја донесе на чесна трпеза.
Ко' го виде Ружица девојко,
И си стана на јуначка нога
И се спушти в очи го целива,
Си ја фати за десна р'чица,
Си поведе триесет момчина,
Си отиде при својата мајка.
Зафатие свадба да ми чинет,
Малку свадба токму три месеци.