Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Неда и Стојан

Од Wikisource
209 песна Неда и Стојан

од Браќа Миладиновци
Желник Пејо
на современ македонски правопис


Мори Недо, бела Недо!
Неда била на реката
На Ситница, на друмишта
Дека врват си п'тници
Си патници, си друмници,
Кираџии сос кириа
Сос кириа за Софиа;
Овчарето со овците,
Сос овците на планина;
Та врвеха изврвеха.
Најнапокон ке помине
Ке помине млади Стогјан,
Сос девет хиљади стадо,
С дванаесет овчарина,
С тринаесет клети псета.
Тогај веле млади Стогјан:
„Поможи бог, бела Недо,
С богум тебе да т' оставам!”
Неда не му поврнала,
Ни со очи погледнала,
Ни сос глава помахнала
Тога веле млади Стогјан:
„Тога на тебе д' останит;
Ако појдам на планина,
Да си ходам на стар хоџа,
Ке запишам рамна сн'га,
Рамна сн'га на тенка пушка,
Бело лице на бела книга,
Црни очи на пиштоли,
Тенки гласје на кавали,
Белким сама ке ми дојдиш
На планина, на вишина.”
Па киниca, та си појде
Та си појде на оџата,
Та записа бела Неда
Га записа, га зададе,
Дур да појде на бачило,
Нел се здаде бела Неда,
Неда боса, гологлава.
Тогај веле на овчаре:
„Ај овчари, мили браќе!
Фатејте си клети псета,
Фатејте ги, изврзејте,
Измолзејте сиво стадо,
Потсирејте пресно сирење,
Ето идит бела Неда.”
Нел' фатиха клети псета,
Измолзеха сиво стадо,
Потсириха пресно сирење.
Ето дојде бела Неда,
Ток' дојде близу Стогјана,
Тамо падна, душа даде.