Зборник на Миладиновци/ Мома и змија

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кира Попова Мома и змија

од Браќа Миладиновци
Еден син у мајка
на современ македонски правопис


Легнала мома заспала
Меѓу две гори зелени,
Меѓу две вода студени.
Никој крај неа немаше,
Вишен је гаспод нат неа,
Црна је земја пот неа,
Станоит камен позглаа,
Пот камен змиа љутица.
Змиа си бога молеше?
,,Умри ја, Боже, девојка,
Гнездо в коса је да праам,
От лице месо да јадам,
От очи вода да пиам!”
Како ми бога молеше,
Така је господ поможи.
Тоѓа девојка ми умре,
В коса гнездо напраи,
От лице месо јадеше,
От оча вода пиеше.