Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кира Попова

Од Wikisource
235 песна Кира Попова

од Браќа Миладиновци
Мома и змија
на современ македонски правопис


Се разболела Кира попова,
Време лежела девет години,
Ми искинала девет постели
Девет постели, десет позглавје.
Ми ја прашташе нејѕина мајка:
„Киро ле, Каро, еј мила керко!
Кажи ми, кажи што грехој имаш,
Што грехој имаш, што толку лежиш?”
„Дејди мајко ле, мила ле мајко!
Јас да ти кажам што грехој имам:
„Сум запалила девет одаи,
Девет одаи с девет младенца:
Сум запалила до девет трла
До девет трла с руди јаганца;
Сум запалила девет амбари
Девет .амбари бела чеинца.
Кога гореше бела ченица,
Дур' на небеси пламен гореше;
Кога блејеа руди јаганца,
Дури у бога гласје одеа;
Кога гореа млади младенца,
Кога: плачеа нихните мајки,
Дур' до облаци гласје одеа.”
.,Ејди Киро, ејди мила керко!
Уште три толку болна да лежиш,
Болна да лежиш дур да се раскостиш,
От коски дури трева да никнит.”
„Ејди мајко ле, мила мајко ле!
Иди викни ми девет попои,
Десето ѓаче, ѓаче Никола.”
Појде мајко је, викна, дојдоа,
Попој ја пеат, ѓаче ја праштат:
,,Кажи ми, кажи, Кира попова,
Ќажи ми мене, што грех ми имаш
Шта грех имаш, што болна лежиш?