Зборник на Миладиновци/ Мита плената
Маса плената | Мита плената од Браќа Миладиновци |
Стојан и Ганка Балканка |
на современ македонски правопис |
Мито, мори Мито, бела Русуменке,
Бог да ти убиет твоја мила мајка!
Бог да ти убиет твои мили татко!
Што ти напраие стред село меана
По крај берберана, по крај мизиљана.
Тука поминае три млада Татари
Три млади Татари, три млади беќари;
Конак ти сторие на твоја меана,
И ми ти рекое три млади Татари:
„Точи, Митро, точи вино немерено,
Кога ке се врата, тога ке ти плата.”
И им наточила вино немерено,
Турци си седнае ручек да ручает,
Вино го испие, Митре је викнае:
„Точи, Митро, точи, жити црни очи!
Вино ке платиме и ке надплатиме.°
Ми точила Митра колку што сакале,
И Татари тога ми с' опијаниле,
На Татари Митра пари посакала;
Н' извадое пари тие да је дает,
Туку си ја тие за р'ка фатие,
За р'ка фатие, зат коња фарлие,
Си ја однесое во нивното село,
Во нивното село, при нивната мајка.
Митра ми плакала, мајка си к'лнала:
„Леле мајка, леле, бог те убил тебе!
Лели јас си седеф мајкини пазуи,
Леле јас си седеф таткини скутеи;
Ја к'де сум си дошла сега в Турски р'це
Турски р'це, мајко, во млади Татари.
Што поборго, мајко, ја да си прежаљам,
Аљ моето руво, аљ мојот вилеет?
Еле, мила мајко, се да забораа,
Как да забораам дена Велигдена,
Што си го молифме и си го чекафме,
И си го чекафме со јајце црвено!
А овдека, мајко, ја што ке познаам!
Незна, мајко, незна кога је Велигден!
Овие имает еден Турски бајрам,
И тој не го знает во кој ден ке бидит.
И мојата живот, мајко, не се знаит,
За мојата вера крвта ке пролеа!”
Како што си рече, Митра така стори.