Зборник на Миладиновци/ Марко си грабит невеста
Шаина робина и Марко | Марко си грабит невеста од Браќа Миладиновци |
Марко и Димна Горе |
на современ македонски правопис |
Mи помина Марко Кралевике,
Mи помина низ Клисура града,
Покрај порти попа-Николои,
се врати у попа Никола,
Кога виде девојка во дворој,
Дворје метит, јесно с'нце греит;
Стори тока, и назод се врати,
И си појде на негоа мајка:
„Ајти мајко, ајти стара мајко!
Да се зготвиш стројница ке оиш,
Ке те пуштам во Клисура града,
Да ми оиш у попа Никола,
Да посвршиш убаа девојка.”
„К'де можа ја стара да ода!”
Је се 'рзна на негоа мајка:
„Али гледаш ж'лта боздогана,
Ти искршвам твои стари коски!”
„Ајти синко, ајти мили синко,
Ког' поељаш нема што да чинам.”
И ми стана Марко Кралевике,
Ми нап'лни три тоари азно,
Cи тоари три млади сејсани;
Којна седлат, и очи целиват:
„Ајти моја шарца брза коња!
Ке ти качам моја стара мајка,
Да ја вардиш да не ја убиеш
По п'тишта, пo бели друмишта!”
И изваи три мл'ади сејсани,
И си качи негоа стара мајка.
Ta cи бркна три млади сејсани,
Прау тргат во Клисура Града,
Вo Kлиcypa y пoпa Никола;
Еднош кљуквит, a два п'ти виквит.
Ког' излезе убаа девојка,
Вo дворои с'нце разгреало.
Маркоа мајка од ошто се зарадва,
He чекаше фортоми да сотрешит,
Тук' исече со фрушки ножина,
Растоари три сејсани азно.
A од згора викат поп Никола:
„Ајти тебе Маркоа мајко,
Што тебе нужба дотврала?”
И та појде на диван високи,
И му велит на попа Никола:
„Ме допуштил Марко Кралевике,
Да му даиш убаа девојка.”
„Ајти тебе Маркоа мајко!
Јас от мајка девојка не деља,
Тук девојка ми је посвршена,
Три јунаци от три кадалаци,
Три стројои ми је стројувана,
Три прстени ми је прстенвата.
В недеља идет три рала сватои,
A co ними три китени зетој,
Во дворои унер ке чинеет;
Кој поголем унер ке ми сторит,
Тој ке земи моја мила керка.
Тука да станит Марко Кралевике,
Да ми ст'анит утро во недеља,
Да облечит гуна кабанина,
Да подседлат коња co мутафа,
Да се сторит голема тептиља
И да дојдит во рамни дворои “ –
Ta cи јавна коња шаренего,
И си зеде три млади сејсани,
Ког' си летна пo п'тoj, пo друмој,
Аљ је стара, аљ је пашин деља,
К 'де креват м'гли и пpaoи.
Син је чекат на диван високи,
Слезе брго порти је отвори,
He je чекат од коња да слезит,
Tyк ми ја Марко опитвеше:
„Ајти тебе моја стара мајко'
Аљ посврши убаа девојка!”
„Постој Марко од коња да слеза.”
И ја слезе от коња брзего.
He чекает cejceни да фатет,
He чекает коња да го фатет.
И му велит Маркоата мајка:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Девојка ми била посвршена,
Три јунаци од три кадалаци,
Tpи стројои била стројувана,
Три прстени била прстенвата.
Во недеља наутро ке дојдет,
Три зетои с три рала сватој.
Збор ми даде тој попа Никола,
Ти да станиш во недеља рано,
Да се сториш голема тептиља,
Да облечиш гуна кабанина,
Да потседлаш коња сo мутава;
Кој ке сторит поголем унер,
Тој ке зеит убаа девојка.”
Марк' од радост земја не го држит;
И ми стана рано пo недеља,
Cи облече гуна кабанина,
Cи потседла коња co мутава,
Mи ce стори голема тептиља,
Cи нап'лна поли и џепои
Cи н'ап'лни со ж'лти флорини,
Ta cи појде у попа Никола.
Кога глеат чудо и големо!
Во дворои три paлa сватои,
До сватои три китeни зетој.
Марко кљукат на витите порти:
,,Отворите, китени сватои!
Отворите, јабанџја да влезит,
Maлy ceиp тои да потледат!”
Отворие китeни сватои.
„На наш вилеет си имаме адет,
Невестата р'ка да целува,
Да целува на чоек јабанџиа,
Јабанџиа дар да ми је дарвит.”
Изваие убаа девојка,
Сегна Марко пo бели пазуи,
Расфрли дукади на сватој;
Мома фати за десната р'ка,
Cи ja фрли на коња зад себе,
Ја преврза с риза абдеслиа:
„Ајти шарца, моја брза коња.
Али сега, шарца, аљ никога!”
Mи ce фрли шарца прек' бедени.
Отворие китeни сватои,
Отворие тие вити порти,
Трчее, трчее, што трчее сите,
И пак сите назод се вратие.
Во сватои се најде копиле,
Далдисало пo него да трчат,
Далдисало и го приблизало.
Стара мајка на диван го чекат,
Стара мајкa му отвори порти;
И је даде мајке си нееста,
Пак излезе надвор до надвора,
Ce поврати нa курвоно копиле,
Да с' обидит кои је појунак.
„Нејдам Марко, с тебе да се биам,
Туку идам побратим да бидам;
Зашт' се најде јунак од јунака,
Да пограбиш убаа нееста.”