Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Марко и Димна Горе

Од Wikisource
Марко си грабит невеста Марко и Димна Горе

од Браќа Миладиновци
Гого
на современ македонски правопис


Најмал ми се левен Марко,
Да ми вардит Димна гора
Димна гора и зелена.
Ha вечер ја обидваше,
A нa утро је оптиваше:
„Ајти тебе зелена горо,
Што си, горо, подгорила?
Аљ те оган изгорело?
Аљ те слана посланила?”
„Левен Марко, a стопане!
He ме оган изгорило,
Ни ме слана посланила,
Туку жаљба ми паднала;
Поминае три синџири
Три синџири младо робје,
Под ноѕе ме изгазие
Co с'лзи ме попарие.
Први синџир што помина,
Се јунаци посвршени;
Втори синџир што помина,
Се девојки прстенвати;
A трекиот што помина,
Се вдоици с луди деца.”
Тога велит левен Марко:
„А к'де cu отидое?”
Димна гора одгоори:
„Бргу трага ке им наиш,
Сега рано поминae.”
Ce наљути левен Марко,
И си зеде брза коња,
Што пособра дробна војска
Дробна војска се Арапи;
Cи прифтаса три синџира,
Cи посече зулумкари,
Cи испyшти младо робје,
От синџири 'и истаи,
И даруа с добро азно,
И испушти на вилеет.