Зборник на Миладиновци/ Емин Никола, Рајко Бошкоиќ и Рајковица

Од Wikisource
Иво кључарџија и Асан ага Емин Никола, Рајко Бошкоиќ и Рајковица

од Браќа Миладиновци
Скендербег
на современ македонски правопис


Што је пљускот во гора зелена?
Али ми је змија присојница?
Али ми је оган изгорило?
Али ми је вода понесело?
Не ми било змиа присојница,
Нито оган ми ја изгорило,
Нито вода ми ја понесело.
Бог го убил Емина Никола!
Што го фати Рајка Бошкоиќа,
Што го фрли во темна з'ндана!
Не је з'ндан пусто како з'ндан ,
Вода имат дури до колена.
Пиштит Рајко како љута змиа;
В р'ка држит пиле соколоо,
И говорит Рајко Бошкоиќа:
„А егиди млади з'нданџиа!
Опитај го Емина Никола,
Што ме држит во темна з'ндана?
Нека сакат тој што ке ми сакат;
Не је з'ндан пусти, како з'ндан,
Вода имат дури до колена.”
И отиде млади з'нданџиа,
И отиде н' Емине Никола!
„А егиди Емине Никола!
Што го држиш Рајка Бошкоиќа,
Што го држиш во темна з'ндана?
Сакај нему што ке да му сакаш!”
„А егиди млади з'нданџиа!
Ја му сака до три добра благи:
Прво добра коња певлиана,
Второ добра сабја навалица,
Tpeќo добра прелепа невеста.”
И си појде млади з'нданџиа
И му кажвит Рајкое Бошкоиќе:
„А егиди Рајко Бошкоиќе:
Што ти сакат до три добра благи,
Прво добра коња певлиана,
Второ добра сабја навалица,
Tpeko добра прелепа невеста.”
И говорит Рајко Бошкоиќа:
„А егиди млади з'нданџиа!
Донеси ми калем и дивита,
Донеси ми едно п'рче книга,
Да је пишам на прелепа невеста;
Сама в дворје таа да му дојдит.”
Му донесе калем и дивита,
Му донесе едно парче книга
И написа на негоа нееста:
„А егиди ти млада невесто!
Ти ме знаиш на војска цареа,
А јас не сум на војска цареа
Бог го убил Емина Никола!
Што ме фрли во темна з'ндана,
Д' имат з' ошто, ни за ошто било,
Што ми сакат коња певлиана,
И ми сакат сабја навалица,
Уште сакат прелепа невеста.
Ти да зеиш коња певлиана,
Ти да зеиш сабја навалица.
Сама с тие во дворје да дојдиш,
Да ме пуштиш от темна з'ндана.”
Книга пушти по пиле соколоо
Ја однесе младе Рајкоице.
Колку книга таа поглеала
Вчас на нога таа се фрлила,
И си влезе в темни конушници,
Си изваи коња певлиана,
Ја однесе у Муса налбатин
Да укоит кoњa певлиана;
Па се врати во рамни дворои,
Си откључи земните керали,
Си откључи шарени ковчеѕи,
Си изваи рубо делибашко,
Се промени млада Рајкоица,
Ми се стори царев делибаша,
И си кладе самура калпака,
И пот него собра руса коса,
И си јавна коња певлиана,
И си зеде сабја навалица,
Си отиде н' Еминои порти.
Еднош кљуквит, а два п'ти виквит:
„Ја излези Емине Никола!
Цар ме пушти за да ми отпуштиш
Да отпуштиш Рајка Бошкоиќа.
Што го држиш во темни з'ндани?”
Уште речта не ми ја дорече,
И го пупгги от темни з'ндани,
И го пушти Рајка Бошкоиќа.
„Ај ќ ојме више во Стамбола,
Со се Рајка и со си Никола!”
Говореше Емина Никола:
„А егиди царев делибаша!
Не носиме више во Стамбола,
Сакај мене ти што да ми сакаш!
Јас ти давам хиљада дукади.”
Говореше царев делибаша:
„А егиди Емина Никола!
Цар ми даат колку да си сака,
Туку ојме више во Стамбола?”
Кинисале дури до полп'ти,
И си сегна во бела пазуа,
Си изваи сабја навалица.
„А егиди царев делибаша!
Ето пуштиф Рајка Бошкоиќа,
Не губи ме, ни носи ме в Стамбол!”
И та истај сабја навалица,
Му пресече р'це до рамена,
Му одврти нодзе до колена,
Му одврти очи от глобои,
И го кладе н' една раскрсница,
И го дарва два ж'лта дукада.
„Так да зниш, Емина Никола,
Јаска не сум царев делибаша,
Туку ја сум млада Рајкоица !”
Се поврати му пособра стока,
Си го зеде Рајка пред себе си,
И си ојде на рамни двореи.