Зборник на Миладиновци/ Скендербег

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емин Никола, Рајко Бошкоиќ и Рајковица Скендербег

од Браќа Миладиновци
Султан Селим и Салакин Тодор
на современ македонски правопис


Попленал ми Скендер-бег
Јовче поле Битољско,
Ми попленал Скендер-бег
Едно мало девојче,
Девојче и Латинче,
Та го фати за р'ка
Та ја фрли на коња.
Кога бегот бегаше,
Тиок ветар вееше;
Момето ми плачеше,
Ситна роса росеше;
Момето се насмеа,
Јесно с'нце угреа,
Латински му зборвеше:
„Море бегу, Скендер-бег!
Немој да ме поплениш,
От си имам три браќа
Татко и мајка ме дават,
Брат Никола не дават;
Ке ме дадет Алај-бег
Алај-бег за сина;
Ке напраит ќуприа
Со два драга камења,
Со дробнего бисера
За малего Мефмеда.