Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Елин дојка

Од Wikisource
Јован и мајка му Елин дојка

од Браќа Миладиновци
Тодора керка
на современ македонски правопис


Попитале Елин Дојка
Горна долна Руменлиа
Три години на далеку.
Мајка Дојка не дааше,
Девет браќа ја дадое,
Зашто беше на далеку,
Кога к' одет на првиче,
Коњи да се најавает,
Пушки да се нафрљает,
I,Iилит да се наиграет.
Мајка љуто и прок'лна:
„Море синко, мили синко!
Зашто Дојка је оделифте
Три години на далеку,
Кога Дојка к' извадите,
Да внесите црна чума,
Црна чума и панукла,
И дробнана сипаница,
Сем да девет пособерит,
Со се ваши луди деца.”
Како мајка прок'лнала,
Така клетва се фатила.
Кога Дојка извадое,
И им дојде црна чума
Црна чума и панукла,
И дробнана сипаница,
Сите девет и пособра
Со се нивни чуди деца,
С'де мајка је остаи.
Се сторила мила мајка
Пуста сина кукаица,
Да ми кукат дење ноште.
Елин Дојка што чекала,
Ми чекала три години,
Да је дојдет девет брака,
Да ја канет на првиче.
Елин Дојка заплакала
Мошне мошне жалоито:
„Леле боже, мили боже!
Лели браќа ме дадое
Ме дадое на далеку,
За да идет на првиче,
Как ме брака не викнае!
Ели сите м' остаие,
Најмалиот брат Костадин
Как ме мене забораи,
Што во мене се к'лнеше
Малу многу жими Дојка!”
Богу му се нажалило,
И је пушти еден ангел
Еден ангел от небеси,
Је го крена Костадина,
Што му ангел напраило
От плочата погачица,
От киурот чутурица,
И му рече Костадину:
„Ајде сега да си одиш
При твојата мила сестра,
Да ја каниш на првиче.”
Начас појде да ја канит.
Кога Дојка го видела
Се спyштила, го гушнала:
„Леле брате, мила брате!
Што си олку расипано?
Лели беше ти поличен
Ти от сите девет брака!”
И Костадин што је рече:
„Мори сестро, мила сестро!
Како да сум сестро личен?
Ево имат три години
Болен лежа на постеља.
Туку ајде земај си го
И твоето м'шко дете,
Тебе дома ке те носам
Да ја видиш наша куќа.”
Си зедое м'шко дете,
Си зедое брза коња,
Си тргнаа да си одет.
И одиле што одиле,
Колку пошле крај црквата,
Ми пропеа едно пиле,
Едно пиле од древјата:
„Мори желна Елин Дојке!
По кого си кинисала,
По мртвего Костадина!”
Се зачуди Елин Дојка,
Што ј е пиле, што ми пеит.
И си рече Елин Дојка:
„Белки пиле ми се смеит,
Зашто ми је брате болно,
Ми је мошне расипано.”
До црквата си појдое,
Мило брате је загина.
Се зачуди кутра Дојка,
Што да чинит, как да чинт.
Си отиде дури дома,
Што да видит чудно чудо!
Пусти порти затворени,
Дворје пелин обрастени,
А во дворје мила мајка,
К'де кукат дење ноште
Како сина кукаица.
Колку Дојка ми отишла
До неиѕина милна мајка,
Мајка си ја прегушнала.
Како си се прегушнае,
Така си се удаие
От жаљање, от плачење;
А Дојкино лудо дете
Пот ноѕе го изгазие.
Таква била лоша клетва.