Зборник на Миладиновци/ Дете малечково и ламиа

Од Wikisource
Цар И. Шишам Дете малечково и ламиа

од Браќа Миладиновци
Секула детенце и Алтан Ѕвезда
на современ македонски правопис



С'нце и месец ми се облогвее –
„А егиди јасна месечино!
Обев еднош мие д' угреиме,
Обев еднош мие да зајдиме.”
С'нце угреа рано на утрина
От утрина до ручега дојде,
Тога угреа јасна месечина.
„Чекај, чекај с'нце неверниче!
Али вака вера си држало,
Обев еднош ке си угреиме,
И пак обев ке си зајдиме!”
И говори она лепо с'нце:
„А етиди јасна месечино!
Не се греит мори на пладнина,
Тук се греит мори на утрина!”
И говори јасна месечина:
„А егиди с'нце неверниче!
Не угреаф рано на утрина,
Зашт' си гљааф голема унера!
Збила ми се млада вдоичица,
Да постигна она м'шко дете;
Седум баби што ми ја бабие,
Одвај ми го дете постигнала.
Кога дете oт мајка се роди,
Ми се роди и в час ми зазборва:
„А егиди моја мила мајка!
Пови ме во кумаш пелена,
Та стегни ме со срмени повој,
Остаиме три дни и три ноќе
Остаиме малу да поспиа.”
Как је рече мајка така стори;
На трите дни дете се разбуди;
И говори дете малечкоо:
„А егиди мајко, мила мајко!
Али имаш таткоа брза коња,
Али имаш таткоо оружје?”
И му вели негва мила мајка:
„А егиди мои мили синко!
Таткоа ти брза коња имам,
И оружје таткоо ти имам.” –
„Али имаш таткоо бело рубо?” -
„Имам, синко, таткоо ти рубо.” -
ÂАко имаш рубо извади ми!”
Си отвори свои шарен ковчег,
Му извај таткоо бело рубо,
Се промена, лепо се наружи,
Му изваи таткоо оружје,
Му изваи коња певлиана;
Си излезе од витите порти,
Не се кажвит дете к' де к' одит.
Дете одит у свој мили вујко,
Дете одит у вујка си Јанкула.
Вујко чини свадба три месеци,
Свадба чинит, а ниет си немат,
За да одит п' убаа нееста;
Го страф д' одит п' убаа нееста;
Бог је убил кучкана Ламиа
Ми паднала на рамни п'тишта,
Што поминвит куртулиа немат.
Кога појде дете во дворои,
Си разигра коња певлиана
Тук се вртит околу сватои
Тук се вртит с голема љутина: -
„А етиди китени сватои
Да ти кажиме чудо големо;
Ево имат три месеци дана
К'е јадите и к'де пиете,
Не оите п' убаа нееста!” -
„А егиди дете малечкоо,
Бог је убил кучкана Ламиа,
Ми паднала на рамни п'тишта,
Што поминвит куртилиа немат;
Страв имаме д' ојме по нееста.” –
Стан'те, стан'те, по мене идете,
Јас ке ода напред пред сватои!”
Си станаа китени сватои,
Кинисае д' одет по нееста;
Дете одит напред пред сватои,
Сватој одет по малечко дете.
Прибизае крај кучка Ламиа,
Тука ми и сватои застои.
Тог' истаи ж'лта боздогана,
Ми истаи сабја димишкиа,
Со сабиа по грло ја сече,
Со боздоган по срце ја парит.
Што ке видит чудо и големо!
В бело срце три рала сватои,
По сватои три млада зетеи,
До зетеи три млади нееста;
Сите ми се чудо зачудие.
Отидое п' убаа нееста,
Во дворје је злата јаболшница.
Јадет, пијет, нееста земает.
Јаболшница дете ја откорна,
Што рожаше три злати јаболка.
Си киниса напред пред сватои,
Си отиде в дворје Јанкулои,
Што го гледат, се чудо се чудит,
Јунаштина што дете сторило.
Си дојдое сватој со нееста;
Тога ворит дете малечкоо:
„А егиди мои мили вујко!
Ево имат три месеци дана,
Как јадофте, пиефте за свадбата;
Ајде сега дома си сватои.
Да јадиме моето крштење!”
Се зачуди вујко му Јанкула,
И си зеде китени сватои,
Си отаде у свое мило мнуче,
И крштење јадет три недели.”