Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Вечерта на големиот армас

Од Wikisource

574 песна Вечерта на големиот армас

од Браќа Миладиновци
Кога зетот се облеквит
на современ македонски правопис.


„Пошто ке се речиме мие свату!
Ни је настанал мојот милни син,
Засака твојата милна штерка,
Милна штерка кадин Ангелина.”
Тогај му веле Јано баздриѓано;
„Што је вреден твојот милни син,
Да засака мојата милна штерка!
Ако је вреден јунери да чине,
Вода да донесе от Вишна планина,
Во града Солуна на Једи-кули,
Там да праве чешма шадарван,
Шадарван сос четириесет чепа,
Да распушти води студени,
Води студени низ града Солуна.”
Стана от там тејко му се врна
И дојде на синот му каза,
Вели нему слушај, сине,
Ако си вреден вода да свалиш
Вода да свалиш от Вишна планина,
Во град Солуна на Једи-кули;
Там да направиш чешма шадарван,
Шадарван сос четириесет чепа,
Да распуштиш студени води
Студени води низ града Солуна,
Така да земеш кадин Ангелина.”
Как си дочу нејниот милни син,
Тељал си викна низ града Солуна,
Тељал викна мајсторе брка,
Нели си најде мајсторе дјулгере,
Та ги закара, ги носи
Ги носи на Вишна планина,
Та фатиха планина да цепат.
Лели искараха вода студена,
Па ја искараха на Једи-кули;
Та направи чешма шадарван,
Шадарван сос четириесет чепа,
Та распушти води студени
Води студени низ града Солуна.
Та што си зеде бела биљура,
Та наполни вода студена,
Скина китка зелен кипарис,
Та ја носи на Ѓано баздриѓано,
Р'ка му баци, вода му даде,
И му закачи китка кипариз,
Па се разшени Ѓано баздриѓано,
И викна се привикна Ѓано:
„Алал да ти је мојата милна штерка!”