Зборник на Миладиновци/ Јановица

Од Wikisource
Ѓуро златарче и охридски паша Јановица

од Браќа Миладиновци
Митре и Петре
на современ македонски правопис



Имала си Јановица
До два сина, два аршлана;
Дојде време, дојде кова
Двата да си ги посврши;
Да ги сврши от два града
От два града две невести.
Дојде време, дојде кова,
Свадбата да им направи.
Стари Јано си поканил
Си поканил сто сватои,
Меѓу нив за кума кладе
Тои Делибаша Марко,
Старо свата Волкашина,
А девери две Грчина.
Дојде време, дојде кова,
Да си одат по невеста.
Тамо адет си имале,
Зето назат да се врати.
Се вратиа зетовите
Во таја гора зелена;
Па ги најде Ангелина
Ангелина Самовила,
Двата веднаш ги пошмркна.
Сон сонила Јановица,
К'д' летајат два г'лаба,
Право к'де неѓа идат.
Не ми биле два г'лаба,
Току биле два абера,
Погинале двата зета,
Двата сина, два аршлана,
Ги поголтна Ангелина
Ангелина Самовила.
Па дојдоха сватовите
Без невеста, без зетови.
Па извикна Јановица;
„О ти нумко, Дели Марко!
Камо ти два крпггеника,
Два јунака, мој синови?”
Изговоре Дели Марко:
„О ти, стара Јановице!
Тамо адет си имале,
Зетовите да не идат,
Току назат да се вратат;
Јас побарав зетовите,
Да пољубат моја р'ка,
Зетовите не ги најдок,
Ги поголтна Ангелина
Ангелина Самовила.”
Па извикна Јановица:
„Волкашине старосвате!
Варем ти си имапг памет,
Како пушташ зетовите,
Д' одат во гора зелена,
Да ги голтни Ангелина
Ангелина Самовила!”
Как Јановица врескала,
Така си она треснала.