Зборник на Миладиновци/ Ѓуро златарче и охридски паша
Мавро-јани | Ѓуро златарче и охридски паша од Браќа Миладиновци |
Јановица |
на современ македонски правопис |
Oj Ѓуро, Ѓуро, Ѓуро златарче,
Ѓуро златарче еден у мајка!
Бог да убиет Охритски паша,
Што те покани в Охрит на свадба,
3дpaвица пуштил љута ракиа.
И му говоре Ѓурова мајка:
„O мили синко Ѓуро златарче!
Не ми је мила она здравица
Она здравица љута ракија,
Што ти ја пуштил Охритски паша.”
Hejзе говоре Ѓуро златарче:
„O мајко, мајко, ocтарела мајко!
остарила ce, безумила ce,
Toвa cи имат, това си пушти.”
Па си направи Ѓуро златарче,
Toj cи направи стребрена кола,
Стребрена кола златни тркала,
И си направи златно јаболко,
И си ја качи старата мајка,
И си ја качи млада невеста,
Па си отиде в Охрит на свадба.
Бог да убие Охритски паша!
Тамам го виде Ѓуро златарче,
Вчас си излезе надвор на порти,
Да си пречекат Ѓуро златарче,
И му говори Охритски паша:
,,Ej гиди Ѓуро, Ѓуро златарче!
Било ми свадба и поминало;
Ajде влези си в м'шки дворови!”
A невестата му ја зедоха,
My ja внесеха в женски дворови.
Часот што пошол Ѓуро златарче,
нa вчасот него го дарубали:
Ha cтара мајка црна марама,
Ѓуру златару златни ремења,
A на невесте златни прстен.
Па изговоре Ѓурова мајка:
„O Ѓуро, Ѓуро, мој мили синко!
He ми је мило дар што даруваа.”
Ta изговоре Ѓуро златарче:
,,Moлчи, не зборуј, ти стара мајко,
Да не не чует Охритски паша,
Aко не чует ќе не загубит.”
Уште си речта недоречена,
Eте го фтаса Охритски паша,
И ми го фати Ѓуро златарче,
Ми го исекло залак по залак,
Па останала Ѓурова мајка
Ѓурова мајка стара робина,
A невеста му млада кад’на.