Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јанкулова смрт

Од Wikisource
Јанкула Јанкулова смрт

од Браќа Миладиновци
Мати
на современ македонски правопис


Јанкула, млад Јанкула,
Јанкула Влашка Војвода!
Јанкула коња хранеше,
Во таја града Солуна,
На солунските меани
С ситна слама оризова.
Јанкула коња поеше
С Негошко вино, Благушко.
Јанкула коња зобеше
Со големерска пченица.
Јанкула коња ковеше
На Солунски налбанти,
На налбанти се молеше;
,,Еј налбанти мили брате!
Харно ми коња ковајте,
Карагрош плочи клавајте,
Алтани клинци редејте.”
Јанкула седло кроеше,
На Солунските сарачи
От чиста свита камуха.
Јанкула узда правеше,
Карагрошови лееше
На Солунските златари.
Коња оружи, престегна;
Коња му веле, говоре;
„Што ме на тимар удираш?
Даљ ке ме мене продадиш?
Или ме менка учиниш,
3а друга коња похарна?”
Јанкула веле, говоре;
„Еј ти коњу, мој дрогару!
Нито те, коњу, продавам,
Ни - те, коњу, разменувам;
Дошло писмо от Влашка наја,
Да си појдам на Косово
Косово поле широко;
Настанала турска ордја,
Турска ордја, силна војска,
Ке си појдам дури тамо.
Вјахна коња и киниса,
Појде на поле Косово,
Та влезе в турска ордиа,
Та извади остра сабја,
Та си фати да си сече,
Как влезе в стреде ордиа,
Пушка пукна, Јанко падна.
Коња застана над него,
Коња диван да му чине;
С грива му сенка чинеше
С опашка мухи бранеше,
Ем дробни с'лѕи ронеше,
Там' и она до нег' падна
До нег' падна душа даде.