Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јанкула

Од Wikisource
Гино и Стојан Јанкула

од Браќа Миладиновци
Јанкулова смрт
на современ македонски правопис


Јанкула го војска обколила
От Станкамен дури до Бичица,
А Јанкула баре абер немат,
Тук си седит в шарена одаа,
И си љубит свое м'шко дете,
Ког' излезе млада Јанкулица,
Си се качи на диван високи,
Се распули по гора зелена,
Што да видит чудо и големо!
Јанкула го војска обколила,
Коњ до коња, како честа гора,
А јунаци, как борје високи,
Остри сабји како секаици,
А туфеѕи како дробни ѕвезди,
А бајраци как дробни облаци.
И се врати млада Јанкулица,
И си влезе в шарена одаа,
И ми велит на Јанкула јунак:
„Стани, стани, а стопане мои,
Остај го свое м'шко дете,
И излези надвор до надвора,
IIIтo те војска тебе обколила!”
И стана Јанкула добар јунак,
Си излезе от шарена одаа,
Си се качи на диван високи,
Се распули по гора зелена.
Што да видит чудо и големо!
Зашто виде војска распливала;
И викна Јанкула добар јунак
И си викна на своја стопанка:
ÂЈанкулице, ај млада стопанке!
Донеси ми триста с'жни појас,
Донеси ми сабја дипленица,
Што се диплит меѓу девет дипли,
Секоја дипла камен безценетен,
Што ми сечит древја и камења,
Што се носит во бела пазуа,
Изваи ми стрела шестокрила,
И влези си во земни керали,
Подседлај ми коња шаренего,
Престегни го со девет колани,
Подгривата ж'лта боздогана,
Да излезам с' аскер да се биам,”
Му донесе млада Јанкулица.
И си јавна своја брза коња,
И си влезе в стреде от аскерот,
Опитвит Јанкула добар јунак:
„Ај ви вие млада бајрактари,
С која мисља џеинк ке сторите!
Аљ барате Марка Кралевика,
Аљ барате Јанкула јунака?” -
И му велет млади бајрактари:
„Не бараме Марка Кралевика
Тук' бараме Јанкула јунака.”
„Ак' барате Јанкула јунака,
Јас ке најдам Јанкула јунака,
На две ст'рни да се поредите.”
С' измамие млада бајрактари,
На две ст'рни ми се поредие,
Се подсмевјат Јанкула добар јунак,
И им велит „ај да се обидам,
Аљ сум јунак за да ве прескочам.”
И си дупна своја брза коња,
Си отвори сабја дипленице,
Си замавна на десната ст'рна,
И посече млади бајрактари;
Брза коња поврати на лево,
Жива душа не ми остаило.
И отиде Јанкула во дворје,
И си влезе в шарена одаа,
И ја виде млада Јанкулица,
К'де плачит, к'де с'лѕи ронит;
С'лѕи ронит по бели образи,
Р'це кршит от бели скутеи.
Тог' је велит Јанко добар јунак:
„А што плачиш млада Јанкулице!
Ак' не вервиш слези ми во дворје,
Да ми видиш моја брза коња,
Се во крви коња попливана;
Да ми видиш моја остра сабја,
Веќе сабја ми је изабена.”
Вчасот стана млада Јанкулица
Брза коња не појде да видит,
Тук се качи на диван високи,
Се распули млада Јанкулица,
Се распули по гора зелена,
Да не видит аскер обколено,
Виде немат аскер обколено;
Брго слезе во широки дворје,
И си виде таја брза коња,
Се во крви коња попливана;
И си виде сабја изабена.
Тога вера таја ми фатила
От' Јанкула сите и загуби.