Зборник на Миладиновци/ Ѓорги

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бела Неда и Рус војвода Ѓорги

од Браќа Миладиновци
Дафина и Омер-ага
на современ македонски правопис


Ѓорге ле, Ѓорги, Ѓоргула,
Зашто си удри Турчинот,
Дека си вино пиеше
Ha тие ладни механи!
Гo удри и дома дојде,
Ha мајка му си говоре:
„Ке бегам, мале, ке бегам,
Оти cyм удрил Турчина
Ha тиа ладни меани,
Дека си вино пиеше.”
Мајка мy веле, говоре:
,,Седи ми сино, ним бегај,
Теј ко ти је коџобашј а,
Он си има многу пари,
Пари ке даде, ке т' откинит.”
Дур да си речта доречат,
Cи достигнаха сејмени,
Cи фатиха левент Ѓорга,
му врзаха р'цето,
Го носиха на конакот,
Тогај рече cилен паша;
„Одете да г' обесите!”
И станахо, го носиха
Гo нocиxa на Беш-чинар,
Opтома нa шиja фрлиxa,
Tpгнаха дa гo обecaт,
Tpгнаха гo oбecиxa,
Ka дрпнa левен Ѓоргула,
Oткорна дрво от корен;
Cпрсна Ѓогула да бегат.
Toгaj мy вељат кавази:
,,3aпри се Ѓорги, ним 6eгaj,
IIpocто да ти је грешката,
Блаѕе ти на јунаството.”