Прејди на содржината

Викиизвор:Администратори

Од Wikisource

Администраторите, исто така наречени сисопи (системски оператори) (англиски: sysops), се активни и редовни корисници на Викиизвор кои имаат пристап до техничките додатоци кои помагаат при одржувањето. Од администраторите се очекува да ја почитуваат и да бидат запознати со политиката на Викиизвор, бидејќи тие се познати и доверливи членови на заедницата. Тие можат да заштитуваат и да бришат страници, да блокираат други уредници, и исто така да ги враќаат овие постапки. По правило, овие привилегии се доделуваат на неопределено време и се отстрануваат само под исклучителни околности кои вклучуваат интервенција на високо ниво.

Станување администратор

[уреди]

Доколку сте читател на нашите содржини определено време и доколку би сакале сисоп пристап, додајте го вашето име во Викиизвор:Барања за администраторски статус во согласност со упатствата споменати таму, при што ќе се одвива расправа со соработниците-уредници, се со цел да се утврди дали постои согласност дека токму Вие би требало да постанете администратор.

Се препорачува да пишувате за Википедија определено време пред да побарате администраторски статус, со оглед на тоа што другите корисници ќе треба да ве пропознаат пред да почнат да веруваат во Вас и вашите способности при ракување со алатките. Исто така, имајте предвид дека Викиизвор на секој јазик има свои политики за администратори, кои може да се разликуваат во некаква мера.