Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/99

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
89
 

нуваа во „србомани". „Србомани" се чинеа они само со заминуаiн'ето во Македониiа како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани" македонци имаше само за надворешниiот свет и за друзите пропаганди во Македониiа. Органите на србцката пропаганда во душата си никоi пат не се осек'аа како „срби" или „србомани", особено првите 10 години и ако имаат они живеiано во Србиiа.

Живеiн'ето на млади македонци во Србиiа секоi пат имаше многу арно влиiаiн'е на интересите на Македониiа. Тука они се заинтересуваа со прашаiн'ето за нивната народност, со србцките филологиiцки и историiцки аргументи за народноста нивна, со србцкиiот патриотизм и со краiното негоо изражуаiн'е во вид на шовинизм или слепо предпочитуаiн'е на своiето пред чуздото, со причините на србцкиiот шовинизм, со рол'ата на Србиiа во сегашно и бидно време во македонцкото прашаiн'е и со много друзи важни и интересни прашаiн'а.

Искуственоста на создааiн'е србцки интереси во Македониiа беше iасна за сите. Но исто така македонците сознаваат да iет Србиiа држаа, шчо разполагат со воiска, дипломатиiа, iеден народ и iедна интелегенциiа, коiи шчо ке зашчитуваат србцките интереси во Македониiа со примерна преданост и краiен фанатизм.

Борбата со србцките интереси во Македониiа iет непосил'на, не само за македонците, коiи шчо не располагаат со држаа и државен бiуджет, воiска, дипломатиiа и пр., но и за слободна Бугариiа. Затоа македонците во Србиiа се одрекоа од iедна iавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

Од избегуаiн'ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за коiе напоменаф, се до