Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/98

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
88
 

„чисти" срби. Тоа не стана. Македонците зафатиiа да се задолбочуваат во прашаiн'ето за нивната народност и интереси, и доiдоа дозакл'учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа краiниiот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от коi, шчо вистина не можит да се одит контака, но коi шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и народ.

Одот на србцкото влиiаiн'е во развиiаiн'ето на народното самосознааiн'е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тоi вид:

Во 1889 год, во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космаiцка улица имаше около 50—60 души млади македонци. Мег'у ниф немаше „старо-србиiанци", а сите беа само од Македониiа и по нивното образуаiн'е до идеiн'ето нивно во Србиiа, во бугарцки или грцки сколиiи, се делеа на: „бугараши" и „гркомани". Мег'у ниф „србомани" немаше.

Старите „бугараши" заiедно со ноопристигнатите таiа година и со некоiи „гркомани", на броi около 30—40 души, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно, заминаа во Бугариiа. Тиiе млади македонци, воспитани во Србиiа во народен, т. е. во дух да, л'убат наi напред своiата таткоина и своiот народ, па после човечеството, заминааiки во страната, каi шчо немат националн'о самознааiн'е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неiа ноа струiа од национално воодушевеiн'е и работеiн'е за ослободуаiн'ето на Македониiа. Они состаиiа во Бугариiа осноата на работеiн'ето во полза на Македониiа.

„Гркоманите" во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани" и „бугаромани", но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобр-