1895/6 уч. г. избегуваа, коiе по мали групи от 5—10 души, коiе оддел'но от по 1—2. Но по големиiот дел македонци остануваа во Србиiа и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Македониiа без да се влегуат во отворен конфликт со србите.
За да се изработит iедна таква програма, македонците ученици во Белград во 1893/4 уч. г., во време на инспекторството над ниф на директорот на III гимназиiа Г'уро Милиiашевич, решиiа да состаат македонцко другарство во Белград. Цел'ата на другарството беше негоите членои да се запознаiат и да си изработат iедна програма коiа ке iе осашчествуваат во Македониiа таiно от србцката пропаганда. Іавната цел'а на другарството беше изучуаiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки филологиiцки и историiцки однос.
Се разбират, оти от тоа другарство не излезе нишчо, зашчо србите не доверуваа на македонците и зафатиiа да праiк'аат во него „старо-србиiанци", црногорци, босниiци, ерцеговинци и пр. Оообено тоа недовериiе и наплив от срби во македонцкото другарство настапи на II година него сашчествуаiн'е при инспекторот, гимназиiцкиiот проф. Іуришич. Но со растураiн'ето на другарството не се измениiа чувствата и стремежите на македонците во Србиiа. Они зафатиiа да следат револ'уционата организациiа, создадена од македонци со бугарцко-србцко образуаiн'е као и односот на србите кон неiа. Они си дадоа отчет од рол'ата на Србиiа во македонцкото прашаiн'е до сега и за однапред, затоа и ним принадлежит честта да сет создаачи на националниiот сепаратизм стред македонците. Они сет и главните негои последуачи. Мег'у ним имат луг'е со висок патриотизм и со здрао разбираiн'е на националните македонцки интереси.
Тиiе македонци и дадоа израз на своiите убедеiн'а за македонцкото прашаiн'е со издааiн'ето во Белград