Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/91

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
81
 

растит, требит да се разгледат прашаiн'ето, али комитетите ке се борат со него, или пак ке го поддржуваат?

Прво се питат: дали комитетите, разсудуаiки логично, можат да обiаат воiна на ноото течеiн'е? Можит да се допушчит, оти таква воiна можит да се очекуат, зашчо во комитетите имат членои, не само македонци, ами и бугари, и последните некоi пат не ке се согласат со ноото течеiн'е, оти со него ке се закопаат бугарцките интереси во Македониiа; исто така имат и мег'у македонците, членои на комитетите, лица, коiи ке расудуат така: сега на старост ниiе не можиме да учиме нов iазик: бугарцки знаiиме и бугарцки ке зборуаме, — ниiе сме бугари.

Малу тоа. Мнозина, па и наi големиiог дел од македонцката емиграциiа во Бугариiа ке се противит на ноото течеiн'е по чисто егоистични сообразуаiн'а. Поеке од 5.000 души македонци имат на државна служба само во Софиiа. Не по малу имат кандидати на служба. Измег'у таiа македонцка интелегентна емиграциiа имат мнозина, или шчо имале, или имаат високи должности, пак и коiи сет претеденти и кандидати на, ниф, во тоi броi и на министерцки портфеiл'. Се знаiит, оти сите тиiе господиновци имаат наi горе от се своiите лични интереси. За ниф интересите на Македониiа сет iедно стредство да добиiат служба и да се одржат на неiа. И интересите на Бугариiа, не Господ знаiит, шчо означаваат. Но за да се исполнат нивните егоистични планои за убаа служба, они сет готои да се покажат поеке бугари от самите бугари, да играат от себе рол'а на бугарцки шовинисти, со неiа да експлоаатараат и бугарцкиот кн'аз и интересите на Македониiа, и на бугарцкиiот народ, и европеiцкото обшчествено мнеiн'е, со iеден збор, да лажат, и на десно, и на лево, под вид да исполнуваат некаков патриотцки долг, а во сашчност да добиiат служба, власт и попул'арност. Іедно македонцкатга интелегентна емиграциiа