се состоiит главно от таквиiа лица, шчо си имаат соiединено своiите интереси со Бугариiа и се облизуваат около бугарцкиiот кн'аз, коi шчо по кефот си клаат и сфал'ат министрите, и коi шчо можит да клаит за министри, не само луг'е коiи шчо имаат малу попул'арност стред бугарцкиiот народ, но и таквиiа, шчо немаат сосим партиiа и сет „независими" т.е. „и тука го клаваат и тамо го клаваат", — iедно имаме луге, шчо мисл'ат, оти главното достоинство на чоека iет, не честно да служит на своiот народ, ами да итруат т. е. да лажит, и десно, и лево, — то природно iет, оти ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е на македонците не ке стретит поддржка во нашата емиграциiа во Бугариiа.
Немат шчо да се зборит за учените македонци во Бугариiа: тиiе iедногласно ке речат, оти ноото течеiн'е iет просто апсурд, оти никоi пат немало македонцка народноот и сега iа немат; оти македонците сет бугари и пр. Секоi пат и на секаде iет бивало така и така ке бидит сега и каi нас. Учените, аристократиiата, интелегенциiата и вообшче обшчествените класои, каi шчо се имаат лични интереси, стари традициiи и предубедеiн'а се борат со ноите течеiн'а, каi шчо се наог'ат истината и праината. Тиiа течеiн'а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л'уг'ето без предубедеiн'а, готои да се борат со тиiа предубедеiн'а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуаiн'ето на коiи ке зависит, не само нивната, но и стрек'ата на нивниiот народ. За илустрациiа на одот и на резултатите на борбата мег'у стари и нои течеiн'а, доста iет да си припаметиме борбата на рисiанството со iазичеството, реформираiн'ето на Русиiа от Петр Велики, возродуаiн'ето на чехите, литовците, праопионата реформа на Вук Караджич и пр.
Туку да остаиме излезот на борбата мег'у старото и ноо македонцко национално течеiн'е, да се задржиме