Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/90

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
80
 

нивната аудиториiа, откаде ке се зимаат средствата за пропагандираiн'ето на идеiата, како ке проникнит таiа во народот и како ке се поддржуат во него? Откаде ке се наiдат стредства за нои учебници, коi ке и приготвуат, на чиiи стредства ке се содржуат сколиiите со македонцки iазик? — Очигледно, iедно комитетите и македонцката интелегенциiа во Бугариiа зафатат да се противат на ноото течеiн'е, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, iасно iет, оти од него немат да останит нишчо: фантазиiите на неколцина македонци ке бидат осмеiани и поеке нишчо.

Така ли iет во сашчност? Да разгледаме до колку можат да бидат осноани таквиiа предполагаiн'а и сообразуаiн'а?

Прво ке прегледаме прашаiн'ето: во каков однос комитетите и македонцката интелегенциiа ке станат кон iедно ноо национално течеiн'е стреди македонците, коiе барат не само политично, ами и национално и религиозно ослободуаiн'е на Македониiа т. е. кон iедно течеiн'е, шчо прокламират „Македониiа за македонците" против сите претенденти на Македониiа, во истиiо броi и против Бугариiа и бугарите. Да си предстаиме, оти тоа ноо течеiн'е iет незначител'но. И во тоi случаi требит да се решит прашаiн'ето за односот кон него. Ако ноото течеiн'е од гледишче на комитетите iет нешчо опасно и нежел'но, то тоа требит да се искорнит ушче во самиiот зафаток; ако тоа само по себе немат почва, то требит да се предостаит само од себе да исчезнит; а ако iет полезно за Македониiа, то ке требит да се поддржит од ниф.

Прашаiн'ето, дали ноото течеiн'е имат биднина или не, ке се разгледит по долу, откаде ке се видит оти оно, ако се предостаат на само себе и се игнорират, ке се развиват само, а не ке опаг'ат. За тоа, имаiки пред вид, оти ноото течеiн'е само от себе ке