Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/89

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
79
 

При се горереченото за ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосозвааiн'е у нас, ми се чинит, оти пак мнозина од вас, ке видат во моiите мнеiн'а и зборои само iедна мистификациiа. Можит, мнозина ке се запитаат: 1, ако до сега комитетите имаат играно двоiна рол'а: нa бугарите им имаат вел'ано, оти македонците сет бугари 'и iеден ден Македониiа, какo и да бидит, ке се соiединит со Бугариiа, а на европеiците им вел'ат, оти они бараат автономна Македониia само за македонците, оти се н'емат никаква мисл'а за соединуаiн'е со Бугариiа, то откаде iас знам, оти комитетите iа лажат Бугариiа, а не Европа? Можит да бидит сосим противното на тоа, шчо рекоф iас по горе за комитетите т. е. тиiе сет готои да дадат на Европа секакви гарантиiи, Македониiа да не се соiединит со Бугариiа, но они никоi пат не ке склонат да се упразднит во Македониiа бугарцкиiот iазик и бугарцкото име во полза на централното македонцко наречiе и името „македонец", со друзи зборои, то, шчо кажуаф iас, да имало само iеден чекор од тоа положеiн'е шчо се држаат македонците и македонцките комитети во македонцкото прашаiн'е кон Бугариiа, до полното отцепуаiн'е на Македониiа и македонците од бугарцките национални интереси, не iет прао, зашчо, не iеден чекор, ами цела пропаст оддел'уат iедното од другото, и комитетите ке покажат наi силно сопротивуаiн'е на ноото течеiн'е; 2, ако се допушчит, оти комитетите никоi пат немат да се согласат на упразднуан'ето на бугарцкото име и iазик од Македони а заiедно со него ке бидит против ноото течеiн'е и сета македонцка интелегенциiа со бугарцко образуаiн'е, то откаде ке поцрпуат ноото течеiн'е, сила за себе? Коiи ке бидат теоретиците на ноото течеiн'е, каде тиiе теоретици ке развиваат своiата деiност, каде и каква ке бидит