Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/9

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
X
 

предадат, но нека не мачат турците мирното населеiн'е, за тоа, шчо, можит, некаде се имаат пушки, то ке настапеше во Македониiа мирно време, кога ке се бараше от Турциiа да се воведат во полност реформите и да се оттеглат воiските од Македониiа. Но шчо напраи комитетот? Тоi реши 4+12 месеци да чекат резултатите од воведуаiн'ето на реформите и после обiави со „чиста совест" востааiн'ето. Во време на обiавуаiн'ето на востааiн'ето, комитетот можеше да речит, оти тоi не бркал на држаите да воведат реформите. Но тоа не iет токму. Вистина четите избегуаа стражеiн'ата, но тоа ушче не значит да не бркаа да се воведат реформите. Тиiе избегуаа, но турците бараа стражеiн'а и успеа поеке од комитето. Комитетот кажуаше да немат чети, немат протиодеiство на реформите од негоа страна, а пак турците кажуваа да има чети, населеiн'ето да имат оражiе и се готвит за востааiн'е, воiската имат постоiани столкнуаiн'а со четите, четите убиваат мирните жители, шчо не и слушаат и сет верни слуги на Падишаот. Ако земиме ноините од времето на публикуаiн'ето на февруарцките реформи до и после обiауаiн'ето на востааiн'ето во Битолцко на 20 iули и прегледаме во ниф телеграмите од Стамбул, то ке видиме, оти Портата постоiано предстауат на рускиiот и австроунгарцкиiот амбасадери списоци од стражеiн'а на турцкиiот аскер со четите, списоци од наiдено при обиските оражiе у населеiн'ето, списоци од убиiства, совршени од четите над мирното населеiн'е. И наiпосле списоци од воведени рефооми.

Шчо сакаше да речит Турциiа со тиiе списоци, iет многу iасну: „iас сакам да воведам реформите во Македониiа, но наместо реформи сега за сега ке воведам аскер и маки, зашчо страната се готвит за револ'уциiа, подготвуана от престапното работеiн'е на комитетите, коiи шчо состауат како држаа во држаа: ке