Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/8

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
IX
 

оти тиiа задолжениiа, шчо се бараат от Турциiа, не не удовлетворуат, то ниiе само ке поможиме на Турциiа, нишчо да не воведит од реформите, шчо се бараат од неiа. Турциiа ке велит, оти она се, шчо можит да напраит, ке напраит и напраила, а поеке не можела да напраит за тоа, шчо комитетите не даат на населеiн'ето да се успокоит, а во iедна страна, каде iет се на воено положеiн'е, сите добри намереiн'а на праителството се рушат от сопротивуаiн'ето на немирното населеiн'е; а ако военото положеiн'е се продолжит поеке од iедна година, реформите ке се состарат по наша вина и ке се закопат. Таква iедна служба ниiе сослужифме на Турциа по обiавуаiн'ето на февруарцките реформи. Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можиме да и послужиме и за однапред. И после, како и до сега, пак ке фрлиме вината на Големите Сили, коiи секоi пат излегуваат криви за нашите грешки.

Собитiата, шчо се развиiа до сега ни покажаа iасно колко ниiе сами можиме да си напакостиме, мислеiки, оти постапуаме праилно.

За да се предупредат жртвите од iедно секадешно востааiн'е, се изработи февруарцкиiот руско-австриiцки проект за реформи, вистина не совршен, но со огоорка, оти тоi ке бидит постепено раширен. Поминаа месец, 2, 5, 7 и нишчо од него не излезе. Се прашат: зашчо? Ке одгоорат нашите: зашчо Турциiа и Европа не сакаат серiозно реформи. Но не iет така. Турциiа, можит и не сакат реформи, но сакаат тиiе, шчо го изработиiа проектот. Се прашаше само: кому приликите ке дозвол'ат да надделит? А во тиiе прилики наi важен фактор бефме ниiе. Да се склонефме пред волiата на Европа и четите, или да се предадеа, или да се оттргнеа во Бугариiа, или барем да се напраиiа некои прегоори со реформаторцките држаи, во коiи просто можеше да се речит, оти четите, или ке се оттргнат, или ке се