ми позволите, прво, да усмирам страната и да воведам мир, а после ке се воведат нужните реформи". Со друзи зборои: комитетот ми даат возможност за iедна година да се извинуам за неисполнуаiн'ето на реформите, а после не ке и воведам, зашчо они ке остарат. Іа каква услуга ниiе напраифме на Турциiа, со нашето недоверуаiн'е ком австро-рускиiот проект од реформи. Сакаме ли ушче iеднаш да не послужиме на Турциiа, и пак да не напраиме криви друзите за нашите грешки? Іас мисл'ам, оти нишчо друго не ни остаат да напраиме осим да се однесеме со полно доверiе ком реформаторцките усилiа на двете заинтересуани Сили, и сo тоа да ѝ ангажираме, час по скоро да се воведат обeк'аните реформи.
Со тиiе неколку зборои iас сакаф да поiаснам содржаiн'ето на предложената на македонцките читачи книга за наiважните за нас прашаiн'а. Како последуач на идеiата за полно отдел'аiн'е на нашите интереси од интересите на Балканцките народи и за самостоiно културно-национално развиiаiн'е, iас и iе написаф на централното македонцко наречiе, коiе за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки iазик. Нерамностите, шчо ке се окажат во iазикот на моiата книга, сет сосим природни и ке можеа да се отстранат само при iедно по глабоко знаiаiн'е на централното македонцко наречiе, со шчо не можам да се пофал'ам. Но и при тоа се надеiам, оти за македонците таков iазик ке бидит по приiатен и по звучен, од iазико на нашите суседи, со коiи ниiе сега за сега се дигаме на големо.