Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/88

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
78
 

Бугариiа и до обiавуаiн'ето Македониiа за оддел'на од Бугариiа и Србиiа етнографцка област имат iеден рачкор. Тоi рачкор iет необходимо следствиiе на неуспео на сегашното востааiн'е. Тоi iет на полоина напраен. Полното отцепеiн'е на Македониiа од балканцките држаици во етнографцки однос ке испливит на iава со успокоеiн'ето на Македониiа.

Набркуаiн'ето на бугарите и србите во Македониiа беше предизвикано од некоiи обстоiател'ства: македонците идеа рака за рака со бугарите во црковното прашаiн'е от тамо раширеiн'ето власта на екзархиiата во Македониiа. Србиiа се набрка во Македониiа откако изгуби надеж да си присоiединит Босна и Ерцегоина.

Но сега и за нас македонците настапиiа нои обстоiател'ства, коiи ке не потресат, и ке ни кажат нои патишча, по коiи шчо ке требит да одиме однапред. Претенциiите на Србиiа и Бугариiа од iедна страна, ни покажаа, оти само конкуренциiата на тиiе две држаи не застауат да робуаме ушче на неопределен срок; од друга — тиiе претенциiи ни подтврдиiа и без тоа известната истина, оти во цела Македониiа имат само iедна а не неколку словенцки народности. Значит делеiн'ето iет искуствено и од борбата со него наi напред ке требит да се зафатит нашата ноа работа во по натамошното развитиiе на националното ни самосознаiн'е.

И така имин'ата: србин, бугарин и грк си изслужиiа своiата служба во Македониiа и за ниф там немат поеке место. Време iет да заменит iедно обшчо за сите македонцки словени име — името „македонец". Таiа смена iет само логично следствиiе на досегашната работа на македонцките комитети, организациiи и интелегенциiа и се барат од обстоiател'ствата. Таiа смена частично веке iет настапила и не iет далеко тоiа време, кога таiа ке торжествуат.