Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/87

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
77
 

ке натерат нашиiот народ и негоата интелегенциiа да погледат назад на своiите упушчеiн'а од коiи произлезе неуспео на востааiн'ето. Оно ке натерат македонцката интелегенциiа со различно образуаiн'е да се сплотит во iедно, за да обiединит народот ни, но веке, не на таiа осноа, шчо си покажа сета своiа несостоiател'ност, а на друга, на чисто македонцка. Востааiн'ето ни покажа оти ниiе македонците не можиме да очекуаме помок од никоi од балканцките држаици, оти решеiн'ето на нашето прашаiн'е iет сето во раците на Големите Сили, и за тоа нам и не ни требит да соiединуаме и збркуаме нашите интереси со чиiи и да бидит словенцки на Балканцкиiот полуостров. Нам ни требит натрешно обiединуаiн'е мег'у себе: не ни требат во Македониiа ни срби, ни бугари, ни грци, оти не сме ни iедното, ни другото, ни трек'ото; не ни требат патриархисти, екзархисти, оти ниiе сме само праославни рисiани. Делеiн'ето iет искуствено создадено од балканцките држаици, намерени да дел'ат Македониiа со стечен'е на обстоiател'ствата. Но македонците, на сегашната степен на нивното национално развитiе, не сет материiал во раците на малечките балканцки држаици, ами сет силен етнографцко-политичен фактор, от коi шчо поеке зависaт судбите на Македониiа, отколку од малечките балканцки држаици. Тиiе македонци, шчо покажаа таква способност во своiето националнополитично организуаін'е, шчо покажаа таквоа примерно жртвуаiн'е со своiите интереси во полза на интересите на своiата татаоина, не со по малечок успев, ке можат да организират секакви препiаствиiа на националните и религиозни пропаганди, шчо цепат денеска народот наш на делои враждебни iеден кон друг.

Организациiата и македонците до сега на далеко растоiаiн'е отдалечиiа интересите на Македониiа' од бугарцките. Од тоа положеiн'е до полното отцепуаiн'е од