номиiа за Македониiа, а не соiединуаiн'е со Бугариiа. Бугарите, „скрепя серце", можеа да чуiат таква новост, коiа не можеше да бидит ним приiатна. Но македонците и успокоiуваа бугарите: чекаiте вие, нека ни даат нам автономиiа, па ке видите, оти после неколку години таiа Македониiа ке бидит бугарцка, зашчо поекето од македонцката интелегенциiа доби обруазуаiн'ето си во Бугариiа. Надворешниiо свет пак го уверуваа, оти историiата со Источна Румелиiа не можит да се повторит и со Македониiа, зашчо во Македониiа имат многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите саседни балканцки држаици и големите држаици, ке можат да побркаат на соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа. Наi после заiауваа: каков интерес имаат македонците да се присоiединуат до Бугариiа, кога от тоа присоiединуаiн'е ке имат полза поеке Бугариiа, отколку Македониiа?
Македонците не се установиiа на таiа двоiна игра со различни заiауваiн'а на бугарите и на Европа. Тиiе пренесоа центрот на револ'уционата оргнизациiа заiедно со сите национално-политични прашаiн'а во Македониiа, за да бидат слободни во своите постапоци од бугарцкото праител'ство.
Во комитетите во Бугариiа зафатиiа да пропапандираат полно оддел'уаiн'е интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа.
Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство. На Сарафов не му сочувствуаше бугарцкото праител'тсво и кн'азот, со друзи зборои: комитетот, на коi шчо, председател'ствуаше Сарафов се придржуаше во македонцкото прашаiн'е iедна таква програма, тогаi за тогаi само политична, изработена ушче