Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/84

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
74
 

от понапред, на коiа тиiе, шчо сет призвани да бранат бугарцките интереси, не сочувствуваа, а тиiе шчо состауваа толпата, со друзи зборови, бугарцкиiот народ, сочувствуваа. Од тука iет iасно, оти бугарите iе голтнаа пил'ул'ата и касно iет да си испраат грешката.

Праител'ството напраи усилиiа да поврнит изгубеното, но уви! - било касно. Врховниiот комитет во Софиiа се кладе под председничеството на ген. Цончев, бугарин, л'убимец на кн'азот. Но македонците во Бугариiа убедиiа бугарцкото населеiн'е во праотиiата на нивната програма за полно оддел'уаiн'е на интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа, покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкиiот комитет" или комитетот на Цончев-Михаiловцки, како егоична и добиiа во Бугариiа по голема власт над „генералцкиiот комитет" и над праител'ствената политика во македонцкото прашаiн'е. Таiа сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкиiот врховен комитет" со „Натрешната организациiа".

И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството.

Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Іанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа, и оти они во своiата деiност сет готои