Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/82

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
72
 

беше во броiот на македонците ученици, шчо поминаа од Белград во Софиiа и во броiот на сепаратистите.

Немаiки во Бугариiа почва за национален сепаратизм македонците, шчо пребегаа од Белград во Софиiа, се зафатиiа со образуаiн'е на револ'уциони организациiи во Бугариiа и Македониiа. Видните македонци револ'уционери сепаратисти, како Дел'чев, беа само ученици на првото поколеiн'е македонци, ученици србцки и бугарцки. Исто така и Сарафов и друзите по доцкнашни револ'уционери се iавиiа, само нивни продолжатели последуатели, но не инициатори на револ'уционата организациiа.

От самиiот зафаток на револ'уционата организациiа македонците во Бугариiа или со бугарцко образуаiн'е, работеа под маската бугари, iедно за тоа, шчо така се викаше голем дел од населеiн'ето, а друго, шчо по тоi пат можеше да се добиiет прддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкиiо народ и бугарцката екзархиiа.

Играта, одиграна од ниф, имаше положни и одрични резултати. Мег'у првите требит да се однесат: 1, македонците, со обiединеiн'ето си за преследуаiн'е интересите на своiата таткоина, станаа важен фактор, коiи шчо на вид влезе во союз со бугарцкиiот народ и сите негои официiални предстаители за достижеiн'е на вид обшчебугарцки интереси во Македониiа, а во сашност, со тоа напраи бугарцкиiот народ и негоите официiални предстаители и учреждениiа орадиiа за свои собствени чисто македонцки цели и интереси; 2, македонците од соiузници со бугарите во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е станаа господари на тоi соiуз, во коi'и шчо бугарите зафатиiа услужливо, а по некоi пат и со гореч во душата нивна, да исполнуваат бараiн'ата на македонците.

Контака и македонците зафатиiа да заiауваат, оти они сакаат „Македониiа за македонците" оти тиiе сакаат авто-