Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/81

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
71
 

они се караат малце по малце здреет во национално самосознааiн'е, и сакат да се ослободит од опекунството на саседните народи, за да можит само да биди вршител' на судбите си.

Македонците бараат национално обiединуаiн'е помег'у ним, но при тоа сакаат тоа обiединуаiн'е да станит, не на ноа почва, не да се зафатит од ноо, зашчо такоа обiединуаiн'е ке требит многу време, а обiединуаiн'ето беше важно, како стредство за достигуаiн'е политична слободиiа. За тоа обiединуаiн'ето беше зафатено на почва, на тоа, шчо се велеа македонците бугари.

Мисл'ата за национално обiединеiн'е на македонците, и ако под маската бугарцка, се зафати во 1890 г. Во краiо на 1889 год. се префрлиiа во Бугариiа 30—40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софиiа. Тиiе ученици сет душата на сите собитиiа во Македониiа од тогаi до сега. Они беа запознаiани со Србиiа и Бугариiа, со нивните култури и цели во Македоиiа. Они и сознаа опасноста за дележ на Македониiа мег'у тиiе две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоiуваат сами, со свои собствени сили и средства слободиiа, и со тоа да преупредат дележот на Македониiа.

По нивна инициатива првен се образуа во зафатоко на деветдесетите години iедно национално сепаратистично движеiн'е со цел'а да се оддел'ат интересите на македонците од бугарцките со возведуаiн'е на iедно од македонцките наречиiа на степен на литературен iазик на сите македонци. Орган на тоа сепаратитстко движеiн'е на македонците во Бугариiа беше журналот „Лоза". Но тоа дуовно движеiн'е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител'ство, коiе забрани да се издаат „Лоза" и зафати да гонит македонците сепаратисти. От тоа време ушче побегна Дамiан Груев, коi шчо