Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/69

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
59
 

ваат убедител'но и со глабоко знаiаiн'е на работите. Добаите кон тоа, да iет србцката надворешна политика устаноена, као и то, да имаат они и цел ред друзи, осим упоменатите дипломати, а ке разберите, оти ракополагаiн'ето на Фирмил'ана iет победа на србцката дипломатиiа и поразиiа на бугарцката; победа, добиiена со своiи т. е. србцки сили, а не нешчо наврзано од русите; поразиiата пак на бугарите iет резултат на немаiн'е бугарцки дипломати, коiи да разбираат бугарцките интереси и да ги зашчитуат со авторитет и знаiаiн'е. —

Ама г. Зиновiев помагал и сочувствуал на србите. Тоа можит да бидит вистина, но тоi го праит тоа, не зашчо мрзит бугарите, а зашчо србцките посланици во Стамбул сет логични, знаiат арно нивните интереси, и можат да и зашчитуат. Исто така, можит, руските консули зашчитуваат србцките интереси во Македониiа, не за атар, а iедно, зашчо и србите, како и бугарите сет словени, а друго, зашчо србите по арно имаат разбрано и знаiат да бранат нивните интереси.

Значит бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Она iет главниiот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит и да се зборуат за некакви арнотиiи од Бугариiа за Македониiа. Арнотиiа ли iет материiалната помок' на Бугариiа за востааiа'ето, кога таiа поддржка само не застаи да си расфрлиме народните сили, со кои ниiе бефме силни, а сега сме нишчо? Арнотиiа ли iет ранеiн'ето на избеганите во Бугариiа македонци, кога Бугариiа iет првата и последната причина да им се разорат куките? Арнотиiа ли iет тоа, шчо приiимат она на своiа служба македонци, кога последните со службата, или заради неiа, забрауваат своiата таткоина, и неiните интереси жртвуваат на бугарцките? Зар не сет македонците, шчо сет на служба или кандитати за служба тиiе, коiи изопачуваа мег'у населеiн'ето во Македониiа значеiн'ето на руските праител'ствени постапаци,