утешен, зашчо он како да покажуат постоiанство во политиката на Бугариiа. Србцките посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4—5 години се менат. Но тоiа утешен факт, iет утешен само на вид. Ушче првата година на моето студентство мене ме запитаа, кавов чоек iет г. Станчев? Iас за него не знаiеф нишчо, затоа рекоф, оти мало го познаам. Тогаi ми дадоа iедна немцка книга, со наслов Die Wahrheit uber Bulgarien. Iас замолиф, да ми iе дадат, да iе прочитам дома. Ми iе дадоа, и така iас се запознаф прв пат со г. Станчев и со бугарцките работи, особено со положеiн'ето и авторитетот на бугарцкиiот предстаител' во Петроград. После iас чуф ушче некоiи слуои за г. г. Станчев од нивниiот жиот во Петроград подобни на пасажите за ниф во упоменатата книга. Од разгоор со журналисти iас чуф, оти г. Станчев праил опит да повлиiаiет на ниф, но неуспешно. Вообшче сите тиiе, со коiи имаф случаi да се видам или зборуам, г. Станчев или не го знаеа, или лошо се одзоуваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат се пушчил толку долу, така ниско пушчил бугарцкиiот престиж во Петроград, как не ке можеше да напраит и наi големиiот неприiател' на бугарцките интереси.
А знаiат ли бугарите, оти во тоа вреие, кога они имаат во Петроград iеден Станчев, србите имаат тамо iеден Пашич, или iеден Груiич, или iеден Новакович? Тиiе дипломати последовател'но сет, или во Петроград, или во Стамбул; и на iедното, и на другото место они остануат по неколку години со ред. Во Петроград они имаат обширни познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеи на руското обшчество и имаат големо влиiаiн'е на него. Они се знаiат со дипломати, профецори, редактори и издатели на ноини. Они збору-