и и толкуваа пред него стамбуловцки, и го тискаа да востанит, против советите на Русиiа за благоразумие? Македонци! време iет да се убедиме, оти лошиiот демон за Македониiа, не iет никоi друг, осим Бугариiа, ето зашчо час по скоро требит да одделиме интересите наши од бугарцките. Тоа го барат од нас благоразумието.
От се гореречено се видит, оти бугарцките арнотиiи за нас македонците ни наi малу не се разликуваат од србцките, но за то ни костуваат сто пати поеке:
1, за бугарцкото име, шчо ни го подари екзархиiата, ниiе зедофме на себе сите добрини, шчо сет врзани со него, и со коiи се украси тоа име во наiноата историiа на Балканцкиiот полуостров.
2, за бугарцките сколиiи и бугарцкото „покротел'ство" на нашите интереси, ниiе немаме никакво сочувство от страна на русите, не за тоа, шчо тиiе мрзат бугарите, а по тиiе сообразуаiн'а, шчо они толку многу напраиле за бугарите, колку за никоi од словенцките и праославни народи; излегуат, оти они и за нас македонците напраиле многу, и немало зашчо ушче нешчо да очекуаме од ниф. Руското покровител'ство стаат не нужно, кога ниiе имаме „самостоiно" и „национално" бугарцко покроител'ство.
3, за бугарцките владици, шчо ни и подари Стамболов, ниiе заплатифме со немаiн'е автономни праа, предвидени по Берлинцкиiот трактат. Таiа арнотиiа добиiат ушче по големо значеiн'е со тоа, шчо она беше причината да се образуваат комитети, организациiи, чети, востааiн'а, да имат убиiства, грабежи, колеiн'а и пр. и во се тоа Бугариiа ни поможа, и со пари, и со трпеiн'е на комитетите на своiа земiа.
4, верата во бугарцкото чувство кон нас си iа платифме со востааiн'ето, од коiе Бугариiа вистина не не задржа и не ни поможа, но . . . . . . го испрати На-