Ако iет се тоа така, то со шчо можит да се обiаснит политиката на Русиiа во прашаiн'ето за Фирмил'ана, ке запитаат некоiи. — Iасно iет, оти она iет србофилцка. — Да видиме дали iет, толку iасно.
Причините за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана ушче еднаш iасно ке ни покажат, каква нестрек'а за нас македонците iет носеiн'ето на името бугарин. Од ниф ке се видит, оти политичното недоносче — Бугариiа не iет во состоiаiн'е да зашчишчаат не само нашите, но и негоите интереси.
Бугариiа немат дипломати, а ушче по малу — во странство. И тиiе шчо сет от последнате, не сет да чуваат и подигаат значеiн'ето на Бугариiа, а да умал'уваат и осмеiуваат, и себе, и своiата држаа. За подтврдуаiн'а на тоа, доста iет да се потсетит на троiица: г. г., Бешков, секретар и gеrаnt на Трговското Агентство во Битол'а, Цоков, дипломатически агент во Лондон и Станчев таков во Петроград.
За г. Бешков, попрашаiте кого сакате во Битол'а, било то от персонало на тамошните консулства, било од бугарцките учители, било од влашките, било од граг'аните, или наi после од циганчин'ата, со коiи се имат разгоарано г. Бешков, постоiано врвеiки по Градот без работа, — сите ке ви кажат, коi iет г. Бешков. За тоа србите имаат во Битол'а прекрасен предстаител', коiи се пол'зуат со полно уважеiн'е у консулите. Тоа iет г. Ристич.
Сета своiа дипломатиiа си искажа г. Цоков во разгоорот негов со кореспондентот на Реiтер.
Но наi интересен iет г. Станчев, iедно, како частно лице, друго, како дипломат и трек'о, како дипломат на наi важното за Бугариiа от сите дипломатцки места. Прво нешчо, шчо биiет на очи, тоа iет, шчо г. Станчев си остаат на истото место од сето време, како знаiам за него (имат около 9 години). Тоiа факт на вид iет многу