Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/66

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
56
 

зашчо заiауваат, да сет они сите русофили, да милуваат рускиiот народ, но не милуваат руското праител'ство, коiе не изражуало народните чувства кон македонците, и отрицател'но се однесуало кон секоiа искажана од народот симпатиiа кон ниф. За докажуаiн'е на последното покажуваат на „таiни“ циркул'ари од праител'ството, да се не печатат поеке статиiи за македонцките работи.

Каi нас во Македониiа, и во Бугариiа можат да придаат на таква праител'ствена распоредба непраил'ен значаi, ето зашчо ке требит да се кажат овде неколку зборои и за неiа. Наi прво требит да се кажит, оти во македонцкото прашаiн'е немат никаква разл'ика мег'у погледите на него на руското обшчество и народ од iедна страна, и праител'ството од друга, а имат само разлика во степента на интересот со него : обшчеството и народот многу по малу се интересуваат от праител'ството, шчо се видит од помок'ите за македонците. Ако се срамнат тиiе со помоките на бурите (Трансваал'ците), то ке се добиiет голема разлика, а тоа iет затоа, зашчо со борбата на бурите се интересуваа много поеке, од нашата борба. А тоiа слаб интерес iет резултат на разочаруаiн'ето на русите од „братушките“. Значит и за тоа требит да речиме на бугарите: сполаi ви! Руското праител'ство секоi пат даат полна слободиiа на руската стамба да стамбосуат статиiи по сите прашаiн'а до тогаi, до кога некоiе прашаiн'е се разгледуат и не iет приiемено никакво решеiн'е по него. Откако прашаiн'ето бидит исцрпено, и по него iет приiемено некакво решеiн'е, се праiк'аат циркул'ари, да iет прашаiн'ето исцрпено. Но, тоа се праит, не за да се лишат ноините од слободиiа да пишат, а за тоа, шчо на Балканцкиiот полуостров придаваат големо значеiн'е на сите статиiи, шчо се односат до балканцките работи, и мисл'ат, оти праител'ството под влиiаiн'ето на пресата ке изменат своiата политика. Праител'ството просто сакат да не избаит нас од праздни надежи