Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/65

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
55
 

iе подарит некоi; а инак, ако сакат, нека бидит запустена. Никоi друг од Балканците народи немаше така спокоiно да гледат на запустуаiн'ето на iеден краi, каi шчо се имаат негои сонародници. Да беше инициативата во востааiн'ето грцка или србцка, и да знаiеа тиiе народи, оти востаа'ето ке бидит така сил'но, не гледаiки на никакви неблагоприiатни прилики, ке обiавеiа воiна, па макар та воiна да се свршеше со полна поразиiа нивна. Но бугарите не сет от таiа категориiа; они к'е обiаат воiна само тогаi, ако имат некоiа држаа, коiа да им обеспечит плодоите на воiната. А пошчо такво обеспечеiн'е никоi пат не iет сигурно, без да се ангажират iедна од големите држаи, или неколку од ниф, со оражиiе во рака да поткрепат тоа обеспечеiн'е, то од Бугариiа не можеше да се очекуат набркуаiн'е во македонцките работи. Но ако беше така, то бугарите можеа да кажат iасно на македонците, на ниф да се не надеiат, и можит, неке се добиеа тиiе резултати. „Далековидната" политика на кн'азот и на негоите „самостоiни" и „национални" помок'ници требеше да предвидит се, и да предупредит нестреките. Но они тоа не го напраиiа. Оставиiа да станит востааiн'ето, мислеiки, ако не „самостоiната“ политика, то крвта на македонците, ке застаит „великата ослободител'ка" да си остаит своiите работа, и да доiдит да воiуват за нас, за да iе повикаат после во Берлин и да загубит Манчжуриiа и влиiаiн'ето во Персиiа. Тоа беше престапно поведеiн'е' кон македонцките работи, и главен престапник во ниф се iавуат официална Бугариiа и бугарцкиiот народ, коi шчо не можа да застапит своiето праител'ство, да се застапит за своiите македонцки клиенти. И за тоа престапно поведеiн'е се праит сега крива Русиiа, и то официална Русиiа, коiа немала нишчо обшчо со неiниiот народ. Ослободените „братушки“ сега не сакаат да се признаат во своите грешки; ето